Едноставни совети со кои ќе ги претворите готовите смеси за торти во вистински специјалитет

Заменето го маслото со путер, додајте јајце плус и наместо вода, ставете млеко.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-gi-pretvorite-gotovite-miksovi-za-torti-vo-vistinski-specijalitet-01.jpg

Готовите смеси за торти, колачи и слични десерти се генијален изум. За да направите ваков десерт, не треба да сте никаков експерт во кујна и доволно е само внимателно да ги следите инструкциите на кутијата.

Најчесто треба само да додадете уште јајца и вода, да ја измешате смесата и да ја ставите да се пече.

Овие десерти се вкусни и сами по себе, но знаевте ли дека можете драстично да им го подобрите вкусот со само неколку едноставни трикови?

Сиднеј Крамер е искусен готвач кој специјализирал за правење десерти, а за Insider споделува неколку едноставни совети со кои ќе ги направите десертите од готовите смеси уште повкусни.

Неговите совети во продолжение:

Користете растопен путер наместо масло

Ако во смесата треба да додадете масло, Сиднеј советува да го замените со иста количина растопен (несолен) путер, бидејќи оваа состојка може драстично да го подобри вкусот.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-gi-pretvorite-gotovite-miksovi-za-torti-vo-vistinski-specijalitet-02.jpg

Додајте јајце плус

Ако во смесата треба да додадете јајце, Сиднеј вели дека слободно можете да ставете уште едно плус. На овој начин десертот ќе биде многу посочен.

За уште побогат вкус, можете да додадете и плус уште една жолчка.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-gi-pretvorite-gotovite-miksovi-za-torti-vo-vistinski-specijalitet-03.jpg

Користете млеко наместо вода

Наместо вода, во смесата додајте исто количество млеко – млекото ќе му даде на десертот побогат вкус.

За „тропски“ вкус, можете да додадете и кокосово млеко.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-gi-pretvorite-gotovite-miksovi-za-torti-vo-vistinski-specijalitet-04.jpg

За посебни пригоди, сами направете шлаг за украсување

Без разлика дали правите мафини или торта од готова смеса, ако ги правите за посебна пригода, можете да вложите уште малку труд и сами да направите шлаг.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-gi-pretvorite-gotovite-miksovi-za-torti-vo-vistinski-specijalitet-05.jpg

Додајте кора од лимон или портокал за арома

Додајте малку рендана кора од лимон или портокал, особено ако правите чоколадна смеса.

Можете и да ставите малку од сокот во самата смеса.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-gi-pretvorite-gotovite-miksovi-za-torti-vo-vistinski-specijalitet-07.jpg

Додајте екстракт од ванила

Слободно додајте неколку капки екстракт од ванила во смесата бидејќи одлично се вклопува со скоро сите готови смеси.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-gi-pretvorite-gotovite-miksovi-za-torti-vo-vistinski-specijalitet-08.jpg

Додајте шарени или чоколадни трошки

За „повесел“ десерт, особено ако го правите за деца, можете да додадете и малку шарени трошки. Само најдобро додајте ги пред самото печење за да не испуштат многу боја.

Ако правите чоколаден десерт, нема да погрешите ако додадете малку чоколадни трошки.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-gi-pretvorite-gotovite-miksovi-za-torti-vo-vistinski-specijalitet-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто се појавува сива обвивка на жолчката кога варите јајца и уште 5 објаснувања за чести појави за... Знаете ли зошто изгледа како водата да врие побрзо откако ќе ѝ додадете сол или ...
Храна со навидум неограничен рок на траење на која ѝ се менува вкусот ако ја чувате многу долго Ни се чини дека конзервираниот зеленчук може да трае вечно ако не е отворен. Ова...
Банана наместо јајца и уште 7 состојки што лесно можете да ги замените со други Ако немате јајца или сакате веганска верзија на рецептот за торта или палачинки,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg