Грешки со италијанската храна што ги правиме сите, а ги „вадат од кожа“ Италијанците

Тестенините не треба „да пливаат“ во сос и во една порција треба да додадете само 3-4 лажици од сосот.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-01.jpg

Италијанската кујна ја има можеби највкусната храна и сигурно не постои личност која не сака пица или тестенини.

Но, иако е ултра популарна, скоро сите правиме некои грешки кога станува збор за италијанската кујна.

Дел од најчестите во продолжение:

Ставате премногу сос во тестенините

Сосовите се она што ги прават тестенините едно од највкусните јадења од италијанската кујна.

Факт е дека повеќето од нас имаме навика да ставаме многу сос во тестенините, но ова е погрешно. Тестенините не треба „да пливаат“ во сосот.

Во една порција тестенини треба да додадете само 3-4 лажици сос.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-02.jpg

Ги преварувате тестенините

Италијанскиот термин „ал денте“ се користи за текстурата на тестенините – да бидат сварени, но малку тврди.

Според Италијанците, сите тестенини треба да бидат сварени „ал денте“.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-03.jpg

Ја фрлате целата вода од тестенините

Водата од тестенините е богата со скроб. Поради ова, таа е одличен додаток во сосот за тестенини бидејќи ќе го направи погуст.

Па, откако ќе ги варите тестенините, додајте неколку лажици од водата во сосот.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-04.jpg

Не правите основа за италијанските сосови и супи

Soffritto е вид основа од италијанската кујна која може да се користи за сосови и супи, а дефинитивно драстична разлика во вкусот.

Оваа италијанска основа најчесто се прави со кромид, морков и целер во речиси ист сооднос, а се додаваат и зачини како лук во прав и рузмарин по вкус.

За да го подготвите, треба ситно да ги исечкате состојките, па да ги запржете со малку масло и сол. Гответе ги 10-тина минути со постојано мешање.

На крај треба да добиете смеса со златна нијанса.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-05.jpg

Уште пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
8 трикови со кои ќе го познаете најсвежото и најсочно овошје во продавница Проверете ја дршката на праските, а кај лубениците, фокусирајте се на бојата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg