Грешки со италијанската храна што ги правиме сите, а ги „вадат од кожа“ Италијанците

Правите тестенини со пилешко

Тестенините се комбинираат со многу продукти – од зеленчуци, до месо.

Но, според Италијанците, тестенините никако не треба да се комбинираат со пилешко.

Наводно нема некоја конкретна причина за ова. Едноставно, останало како традиција во италијанската кујна.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-06.jpg

Правите тестенини или рижото како прилог

Според „законите“ на италијанската кујна, тестенините и рижотото треба да бидат послужени како главен оброк.

Никако не треба да се служат како прилог на месо или некое друго јадење.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-07.jpg

Ставате премногу пармезан

Многу луѓе сакаат да стават огромно количество пармезан и ова е разбирливо бидејќи навистина има одличен вкус.

Но, поради силниот вкус, пармезанот може да го засени вкусот на самото јадење. Поради ова, Италијанците преферираат да стават сосема малку пармезан.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-08.jpg

Не обрнувате внимание на садовите

Италијанците внимателно одбираат во какви тави и тенџериња ќе ги приготвуваат јадењата бидејќи ова може да има влијание врз вкусот.

На пример, дебелото металното тенџере е совршено за варење тестенини и супи бидејќи го задржува вкусот.

Рецептите како лазања, пак, треба да се прават во стаклена или керамичка тава. Овие тави не се загреваат многу брзо, па лазањата ќе биде испечена порамномерно.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-09.jpg

Пиете капучино во текот на целиот ден

Бидејќи Италијанците јадат полесен појадок, капучиното, кое има млеко, е одличен пијалак за наутро.

Од друга страна, еспресото и кафињата без млеко е подобро да се пијат попладне по ручек бидејќи нема да ви создадат проблеми со дигестијата на храната.

greshki-shto-gi-pravime-so-italijanskata-hrana-koi-italijancite-najmnogu-gi-mrazat-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
8 трикови со кои ќе го познаете најсвежото и најсочно овошје во продавница Проверете ја дршката на праските, а кај лубениците, фокусирајте се на бојата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg