Ние сакаме мусака, а Германците пикaрт - специјалитети со компири од целиот свет

Brændende kærlighed - Данска

Brændende kærlighed, што може да се преведе како љубов што гори, е едноставно данско јадење кое се состои од кремасто пире од компири прелиени со пржен кромид и сланина. Пирето обично се меша со путер и се зачинува со морско оревче, додека целото јадење повремено се прелива со власец и се служи заедно свежи салати.

Babka ziemniaczana - Полска

Овој едноставен рецепт се состои од зачинети рендани компири кои се соединуваат со јајца, а потоа смесата се пече. Оваа храна е популарна во источните полски региони и навистина ја сакаат сите бидејќи е премногу едноставна и брзо се подготвува.

Baeckeoffe - Франција

Ова јадење доаѓа од францускиот регион Алзас и содржи зеленчук, компири, вино и три вида маринирано месо - свинско, говедско и јагнешко месо. Името на ова типично селско јадење буквално се преведува како печката на пекарот.

Papas rellenas - Куба

Овие полнети топчиња од пире од компири, исто така наречени Papas Rellenas, доаѓаат од Куба и многу други карипски земји. Освен со компири, секогаш се полни со фил од говедско месо, а потоа се пржат. Тие се крцкави однадвор, кремасти одвнатре и претставуваат рај!

Janssons frestelse - Шведска

Ова е едно од најпопуларните шведски јадења, кое често се служи за Божиќ. Се состои од компири и сардели кои се обложени со кромид, а потоа се полеваат во солен крем. Пред да се испече се прелива со путер и се посипува со презла.

M. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Maкедонски нутриционист одговара: „Смеам ли да ги загревам компирот и оризот или да ги фрлам?“ „Оризов и компиров да го подгревам или да го фрлам? Знаете дека тоа е едно од на...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали месото (не) треба да се мие пред готвење?“ „Многумина од нас пораснале гледајќи како месото задолжително се мие под чешма, ...

Најчитани неделава