Ние сакаме мусака, а Германците пикaрт - специјалитети со компири од целиот свет

Се чини дека омилената храна на човекот е компирот, бидејќи во секоја земја постојат одлични рецепти со компир и секако, ние ја имаме нашата вкусна мусака. 

vo-makedonija-sakame-musaka-a-kakvi-jadenja-so-kompiri-se-podgotvuvaat-niz-svetot-01.jpg

Компирот е една од оние намирници со кои можете да направите речиси сè. Доаѓа во неколку варијанти и е релативно евтин и едноставно вкусен. Навистина е тешко да не се заљубите во компирот. Постојат многу начини за подготовка, а културите ширум светот го прифатија компирот како главен производ во исхраната.

Во продолжение погледнете какви јадења со компир постојат во различни држави:

Patatje oorlog - Холандија

Patatje oorlog е холандско јадење што се состои од помфрит прелиен со различни зачини, вклучувајќи мајонез, ситно сецкан кромид и сос на база на кикирики, ароматизиран со соја сос и чили. 

Aloo gosht - Пакистан

Ова е традиционална пакистанска чорба базирана на месо и компири. Јагнешко, овчо или говедско месо се вообичаените видови месо што се користат при подготовката на ова богато јадење, но може да се користи и пилешко. Јадењето се прави со парчиња месо и компири кои се готват долго и бавно, а се додава и лук, ѓумбир, домати, кромид и разни зачини како коријандер, цимет, чили во прав и куркума.

Kugelis - Литванија

Kugelis е литванско национално јадење во форма на вкусна торта од компири. Рецептот преживеал со векови без значителни промени и често се среќава на менито на рестораните низ целата земја.

Pickert - Германија

Pickert е германско јадење кое најдобро може да се опише како палачинка или вафла од компири. Клучните состојки вклучуваат брашно, рендан компир, јајца, млеко, квасец, сол, шеќер, масло и суво грозје. Кога тестото е подготвено, може да се пржи или пече.

Trinxat - Андора

Ова јадење се состои од пире од зелка и компири, а како додаток има печурки, лук, свинско месо или сланина, сол, бибер и маслиново масло. Целото ова се меша и се прави во вид на палачинки кои се печат или пржат.

Уште пет специјалитети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Караѓорѓева шницла од Србија и уште 9 највкусни специјалитети од похувано месо од земјите низ светот Рангирањето на храната на TasteAtlas се заснова на рејтингот на публиката на Tas...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg