Мајка од Скопје за камперскиот живот: „Моите најубави детски спомени се од Градиште, го сакам тоа и за ќерка ми“

Околу храната најчесто се јаде здрава храна со оглед на фактот дека свежа риба и морска храна овде има во изобилие, а имаме и среќа да имаме пријатели со врвни кулинарски вештини.
Тука буквално е од кревет во море, дружење и друштвени игри до доцна во ноќта, смеа и песна на плажа.

Задолжително ни е барем неколку пати во текот на летото рано будење и гледање на изгрејсонцето, на кое особено му се радуваме.
Овде децата гледаат и учат за едно поинакво функционирање и култура од дома... „Добро утро“, „Добар ден“, „Пријатно јадење“ на секој еден што ќе помине пред приколка или ќе поминеш покрај неговата приколка.

Некогаш правиш јадење за 10 деца, некогаш детето не јаде во приколка затоа што јадат сите заедно кај друг, по костими за капење, среќни и насмеани.
Гарантирано овде секоја храна е повкусна од обично.
Условите во кампот се повеќе од одлични, чистотата е на многу високо ниво, топла вода има постојано, ги има сите услови за да може да го чувствуваме како нашиот дом покрај море.
Овде децата стекнуваат многу повеќе самостојност, самодоверба, помагаат од отворање на приколките до одржување секојдневна хигиена, метење двор, миење чинии и готвење, со немање време за екрани детската креативност и имагинација цвета.

Постојано има заеднички игри, справување со непредвидени ситуации и особено се развива добра способност за организација.
Ако за нешто во животот сме особено горди и среќни како родители е тоа што Евгенија со нетрпение чека да дојде време за камп и е свесна за сите благодати што кампувањето ги нуди“.
Прочитајте и Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот живот е рај за нас“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
