Билјана Симовска, психолог: „Македонките се срамат да побараат стручна помош, a постпородилната депресија се јавува и кај мажите“

„Постпородилната депресија се карактеризира со интензивно чувство на тага, беспомошност, негативни мисли, повлекување од околината, тешкотии во грижата и емоционалното поврзување со бебето“, вели за CRNOBELO.com психологот Билјана Симовска.

biljana-simovska-psiholog-makedonkite-se-sramat-da-pobaraat-struchna-pomosh-postporodilnata-depresija-se-javuva-i-kaj-mazhite-01.jpg

Билјана Симовска е психолог и гешталт советник, гешталт терапевт во едукација, која има дополнителна обука од ЕМДР терапија. Таа работи како предучилиштен психолог во детска градинка.

Во разговор за CRNOBELO.com, психолог Симовска детално открива кои се причините за постпородилна депресија и кои симптоми укажуваат на оваа состојба кај родилките, но и кои се најдобрите начини за мајките да се справат со неа.

Прочитајте го интервјуто:

Што е постпородилна депресија и колку често се појавува кај жените?

Постпородилната депресија, која се нарекува и постпартална депресија (ППД) е ментално нарушување, кое се јавува кратко по породувањето.

Се карактеризира со интензивно чувство на тага, беспомошност, негативни мисли, повлекување од околината, потешкотии во грижата и емоционалното поврзување со бебето. Поради тоа негативно се ефектуира на целокупната семејна атмосфера, особено на добросостојбата и здравиот развој на детето.

Од големиот број студии на глобално ниво, резултатите покажуваат дека ППД е застапена во просек кај околу 17% кај мајките во светот, но оваа стапка варира во секоја држава.

Бременоста и породувањето се уникатни и комплексни процеси. Тие предизвикуваат значајни промени на телесно и психолошко ниво кај жената. Хормонските промени директно влијаат на расположението, предизвикуваат осцилации и послаба регулација на емоциите.

Со доаѓањето на приновата се јавува потреба од промена на животниот стил и дополнителни обврски за целото семејство.

Адаптацијата на бебето и мајката, испрекинатото спиење, загриженоста за добросостојбата на детето - сето ова предизвикува стрес и емотивни проблеми кои се нормална и очекувана појава во овој сензитивен период. 

biljana-simovska-psiholog-makedonkite-se-sramat-da-pobaraat-struchna-pomosh-postporodilnata-depresija-se-javuva-i-kaj-mazhite-09.jpg

Постпородилните емотивни проблеми и депресивни расположенија може да се движат од поблага до потешка состојба, па врз основа на што се прави разлика помеѓу постпородилната тага т.н. Baby blues и постпородилна депресија?

Постпородилната тага се јавува во текот на првите денови по породувањето и се манифестира со чести промени на расположението - тага, анксиозност, чувство на преплавеност, намалена контрола врз емоциите, исцрпеност, нарушување на апетитот и спиењето.

Се јавува кај повеќето жени, со благи и минливи симптоми кои поминуваат во период за три седмици.

Постпородилната депресија се карактеризира со поинтензивни симптоми и трае подолго, што значително ја отежнува грижата за бебето, сопственото здравје и справувањето со секојдневните обврски.

Симптомите почнуваат да се развиваат во текот на првите недели по породувањето. Но може да почнат и порано, во текот на бременоста, или да се појават подоцна - година дена по породувањето.

За оваа состојба е неопходна стручна помош, бидејќи тегобите може да траат со месеци. Но има и ретки случаи кога вакви депресивни епизоди повремено се повторуваат и понатаму во текот на животот.

biljana-simovska-psiholog-makedonkite-se-sramat-da-pobaraat-struchna-pomosh-postporodilnata-depresija-se-javuva-i-kaj-mazhite-04.jpg

Кои се најчестите симптоми на постпородилната депресија? Кои симптоми се знак дека нешто не е во ред и дека е време за црвена тревога?

Некои од симптомите на постпородилната депресија се:

Чувство на тага, безнадежност и празнина;

Често плачење и промени на расположението, неосновани стравови и намалена контрола над емоциите;

Доживување на преплавеност, исцрпеност, недостаток на енергија;

Анксиозност, иритабилност и лутина;

Нарушување на апетитот како прејадување или намален внес на храна;

Нарушување во спиењето – на пример несоница која не е поврзана со ритамот на бебето;

Намален интерес и задоволство за вообичаени активности;

Потешкотии во емоционалното поврзување со бебето и намалена физичка блискост;

Повлекување од семејството и пријателите;

Намалена способност на концентрација и јасно размислување;

Сомнеж во сопствените способности како родител, чувство на бескорисност, вина и срам;

Мисли за самоповредување или повредување на бебето;

Суицидни мисли.

biljana-simovska-psiholog-makedonkite-se-sramat-da-pobaraat-struchna-pomosh-postporodilnata-depresija-se-javuva-i-kaj-mazhite-07.jpg

Колку тежината на породувањето влијае врз ова? Или факторите се сосема други?

Причините за појава на ППД не може да се сведат на неколку конкретни фактори, туку на комбинација на генетски, физички промени и емотивни проблеми кои се различни кај секој индивидуален случај и неговите специфични животни околности.

Затоа истражувањата од оваа област се повеќе насочени кон утврдување на факторите на ризик кои може да ја предвидат појавата на ППД. Но, присуството на овие фактори не мора со сигурност да значи дека ќе се појави вакво нарушување.

Некои од факторите на ризик за појава на ППД се:

Пренатална депресија која се јавува во текот на бременоста или постпородилна депресија која се појавила по претходната бременост;

Историја на депресивни епизоди или дијагностицирана депресија кои не се поврзани со бременоста;

Генетска оптовареност, кога други членови од семејството пателе од депресивно нарушување или други ментални нарушувања;

Стресни и трауматични настани пред и во текот на бременоста, како и по породувањето (болест, загуба на блиска личност и сл.);

Компликации во бременост и трауматично породување;

Новороденче или друго дете со здравствени проблеми или посебни потреби;

Слаб или неадекватен систем на социјална поддршка кој зависи пред сè од семејството и пријателите;

Проблематичен и неподдржувачки однос од сопругот/партнерот;

Низок социоекономски статус и финансиски проблеми;

Непланирана или несакана бременост;

Самохрани мајки.

biljana-simovska-psiholog-makedonkite-se-sramat-da-pobaraat-struchna-pomosh-postporodilnata-depresija-se-javuva-i-kaj-mazhite-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Николина е акушерка во Германија: „Има жени што каснуваат од плацентата, родилките не треба да внима... „Летните, жешки денови, за трудниците имаат негативно влијание врз телесната хид...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Данче Азманова Мирчевска: „Започнав свој бизнис додека бев бремена, реакциите кога доставував нарачк... „Секоја мајка, кога ќе добие дете, има 3 избори: да си земе породилно и да не се...
Славица Ангелова по победата во „Ѕвездите на Гранд“: „Никаде не одам без знамето, јас сум горда Маке... „Уште во првиот круг од шоуто ја добив првата осмица од жирито и тоа беше впечат...
Ирена и Игор Марковски имаат две деца со дијабетес: „Синот почна да губи по 1 килограм преку ноќ, ка... „Дијабетесот не е болест туку состојба. Кај синот првите симптоми што нѐ насочиј...
Емра Куртишова: „Беше предизвик да се глуми мајката на Џеј, кога стигнав во Србија дознав дека сум б... „Најлудиот и за мене незаборавен момент беше тоа што кога пристигнав во Србија д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg