Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ прозбори“

„Ликот на Исаура ми фали премногу. Навистина ми е жал што успеав да снимам само две епизоди. Договоривме повеќе, но ден пред снимање ми пукна воденикот и со тоа за мене заврши оваа сезона“, вели актерката Емра Куртишова, која во октомври 2023 ја роди ќерката Лена.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-01.jpg

Актерката Емра Куртишова глуми во филмот „Недеља“, посветен на животот на Џеј Рамадановски, а кој својата македонска премиера ќе ја има вечерва (26.01). Во филмот за легендарниот пејач, таа ја глуми неговата мајка, лик кој ѝ бил голем предизвик да го спреми, но и за кој вели дека публиката нема да го засака на прва.

„Koга пристигнав во Србија за снимањето на филмот, дознав дека сум бремена. Бев пред огромна животна раскрсница. Разговарав со режисерот, му објаснив што се случува и решивме да почнам со снимање, па ако, не дај Боже, се искомплицира нешто, ќе бараат решение. Едноставно, не сакаше промена на актерката.

Ликот на мајката на Џеј е комплексен, таа доживува доста турбулентни моменти низ животот, но истиот тој живот ја прави да биде она што е, цврста решителна и рационална, всушност таква била и вистинската мајка на Џеј. 

На прва, гледачите најверојатно ќе стекнат одбивност кон ликот, но понатаму дејството ја објаснува причината за таквиот однос и став на мајката“, ни кажа Емра.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-13.jpg

Во интервјуто разговаравме и за мајчинството, свадбата и бременоста, за фановите кои ја обожаваат Исаура од „Преспав“, но кои се понекогаш разочарани што Емра е поинаква приватно, а и за Театарот за деца и млади, каде што членува долги години:

Долго време ги криеше убавите вести за бракот, бременоста, па и за улогата во филмот за Џеј, за потоа сѐ да откриеш одеднаш. Дали си суеверна или имаше некои други причини за ваква одлука?

Едноставно се фокусирав на работите, чекав сѐ да се заврши за потоа да споделам. Во принцип така функционирам, и според мене така е најдобро.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-12.jpg

Се породи пред околу 3 месеци. Како се снаоѓаш во улогата на мајка? И кој го избра името Лена - има ли тоа посебно значење за тебе и Петар?

Претпоставувам дека секоја прворотка се соочува со стравови за тоа како и дали ќе се снајде во улогата на мајка.

Искрено, мене ме фати паника последните неколку недели од бременоста, не знаев што ме чека и се чувствував неспремно.

Но, кога се роди Лена, се роди и храброста во мене. Тој момент не се опишува, мора да се почувствува.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-18.jpg

Инаку, за Лена јас велам - да си ја нарачавме, немаше да ја добиеме таква.

Таа е многу мирно бебе, воопшто не е тешка за чување, воспоставивме ред уште на почетокот за храна и за спиење, и така си тераме.

Што се однесува до името, во мојот список со имиња едно од имињата беше Лена, не знаејќи дека бабата на Петар се викала така.

Петар бил многу близок и приврзан со неа, но за жал таа починала прилично млада. Така се согласивме Лена да се вика Лена.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-04.jpg

Што ти беше најтешко да смениш кај себе (или во своето секојдневие) откако се роди ќерката?

Првото и единствено кафе во денот што пред Лена го пиев три часа. Имав посебен ритуал, кафе и Candy Crush до недоглед.

Сега играта во мојот телефон не постои, затоа што кафето го пијам за 10 минути, па така не ми е интересно ха, ха, ха.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-16.jpg

Дали ја доиш Лена? Како се снајде со доењето, или како повеќето мајки, имаше тешкотии на почетокот?

За жал, не ја дојам, не бев во можност. Таа се храни со формула и одлично напредува.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-09.jpg

Имате ли помош околу Лена или правите сè сами со Петар?

Во принцип сме сами и сметам дека тоа е добро, бидејќи само така можеш да се исчеличиш како родител.

Имаш прилика да учиш од грешки или, пак, да увидиш што ѝ одговара, а што не.

Инаку, кога е потребна помош, секако тука се бабите.

emra-kurtishova-lena-ushte-vo-stomakot-reagirashe-na-glasot-na-tatko-i-a-sega-se-topi-koga-toj-kje-i-prozbori-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
„Бев со Сара во сала кога се породуваше, ми дадоа да ја пресечам папочната врвца на Кирил“ – Димитар... „Еден ден го заборавивме дома Кирил. Сара излегла до продавница и ни кажала на м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg