Успешни Македонци низ светот: Стефанија Димеска е пилот во авиокомпанија во Италија

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-dimeska-e-pilot-vo-aviokompanija-vo-italija-03.jpg

Секој лет е нова приказна. Авијацијата ми овозможува да бидам дел од светот, но и да го водам сопствениот живот по сопствени правила.

Работата ме води низ различни земји и култури, ми нуди моменти на инспирација и ми покажува колку е убаво да го правиш она што навистина го сакаш.

Предизвиците се секогаш тука, и не е секогаш лесно. Како и патот до тука што не беше секогаш лесен.

Мотивација се губи, желба се губи, но поддршката што ја добивате од луѓето околу вас игра голема улога.

Со поддршката од моето семејство, мојот партнер и со силна внатрешна мотивација, успеав да стигнам до точка каде се чувствувам горда на себе.

Не се водам по титули и признанија - мојата најголема награда е чувството на мир што го имам во воздух и дома.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-dimeska-e-pilot-vo-aviokompanija-vo-italija-04.jpg

На сите што размислуваат да тргнат по овој пат би им препорачала – ако чувствувате „повик“ кон небото, следете го. Оваа професија бара МНОГУ, но и дава многу.

Ќе научите да се носите со одговорности, да мислите брзо, да се грижите за другите и истовремено ќе растете како личност.

А најубавиот дел? Никогаш немам ист летечки ден. Секој лет е засебен, нови луѓе, нови искуства, нови места и нови авантури.

Како што би рекол мојот покоен дедо: „Секое патување, ново доживување“. Тоа е убавината на оваа професија, постојаното изненадување и динамиката која го прави секој ден уникатен.

Авијацијата е за оние што копнеат по повеќе – повеќе од себе, од животот и од светот. А јас сум благодарна на сите што веруваа во мене и ми ја отворија вратата кон небото.

Но и на себе, што со решителност, љубов и солзи го изодев овој пат и стигнав до тука. Убаво е да си во овој свет, светот на авијацијата, онаа со која јас израснав“.

Прочитајте и Интервју со Стефанија Димеска (27), најмладата жена пилот во Македонија: „Нашата држава е прекрасна гледана одозгора“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Кјара Гоља е адвокат во Нов Зеланд, со желба да стане пратеник или дип... „Додека студирав, политиката ми беше главен фокус и имав можност да работам на н...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Д-р Адела Стефанија, гинеколог акушер: „Ни барале да се породат на точен ден заради астрологија, одн... „Сè почесто има барања за царски рез по избор, но тоа е сериозна операција. А им...
Успешни Македонци низ светот: Даниела Настеска работи на откривање лек за дијабетес во Оксфорд „Мојот интерес за болеста која го допира скоро секое семејство во Македонија, е ...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...

Најчитани неделава