Мартин Видоевски, фитнес тренер: „Македонците велат не сакаат теретана, туку кардио на Водно, а не го ни виделе Крстот одблиску“
Колку често луѓето доаѓаат во сала, а повеќе се гледаат во огледало отколку што тренираат?
Има и такви случаи. Има и луѓе што цели состаноци одржуваат додека вежбаат.
Има секакви и секогаш ќе има. Битно е дека свеста за фитнес и рекреација оди во нагорна линија.

Зошто сите одеднаш стануваат експерти кога ќе фатат една справа?
Најчесто стануваат експерти откако ќе направат некакви резултати и „форма“, па фотосесија и потоа се „гуру“.

Која е најчестата грешка со паузите меѓу серии – премногу или премалку?
Нема грешка со паузите, сè е во зависност од програмата која ја вежбате и за што и која цел вежбате.

Кој е најчестиот „ритуал“ пред тренинг што луѓето мислат дека им дава сила (кафе, енергетски пијалак, селфи …)?
Па, секако кафе или енергетски пијалак.
Селфи додека вежбаат за да се „брои“ тренингот.
Колку луѓе реално ги бројат сериите, а колку само импровизираат?
Мислам дека повеќето бројат и следат одреден тренинг метод. Има и такви кои тренираат „до исцрпување“.

Зошто секогаш има некој што „чува справа“ подолго од што тренира?
Токму заради овој начин на живот. Виртуелниот. Сите сме постојано на нашите мобилни телефони и живееме во имагинарен свет.
Реалноста е различна и наместо да заврши со тренингот за 45 минути, тој трае и трае.
Колку често ти тренираш за лична сатисфакција?
Секогаш кога ќе најдам време.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: Ани и Дими
