Каратистката Моника Стефановска: „Мажите се чудат што вака нежна девојка може да ги истепа“


Каратистката Моника Стефановска: „Мажите се чудат што вака нежна девојка може да ги истепа“

Моника Стефановска веќе 22 години се занимава со карате, а вели дека медалите престанала да ги брои. Ја носи титулата „најубава македонска спортистка“.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-01.jpg

Моника Стефановска има 28 години, а со карате се занимава од свои 6 години. Таа е дипломиран економист на УКИМ, магистер по спортски менаџмент.

Покрај љубовта кон спортот, таа и како одличен ученик има учествувано и освоено 1во место на државен натпревар по математика, а и неколку пати има добиено признанија за првенец на генерација.

Оваа успешна каратистка неретко ја нарекуваат најубавата македонска спортистка.

Со неа проговоривме за каратето, трофеите, тренинзите и патувањата.

Зошто токму карате? Колку години си ѝ верна на оваа љубов?

Каратето како спорт го избрав сосем случајно, имено веднаш после моите часови по танц во истата сала се одржуваа тренинзи по карате. Дојдовме дома со мојата сестра и со воодушевување им соопштивме на нашите родители дека сме решени да почнеме да тренираме карате.

Мојата мајка на почеток сметаше дека тој спорт е премногу груб за девојки, но со тек на време ги воочи позитивните работи и навики за кои овој спорт е заслужен а се од особена важност за правилен раст и развој на децата.

Оттогаш поминаа 22 години а јас и покрај паралелното занимавање со друг спорт, односно гимнастика, останав верна на каратето.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-06.jpg

Како реагираат мажите кога ќе им кажеш со кој спорт се занимаваш?

Мажите најчесто имаат слика дека девојка која се занимава со карате, или пак некој друг боречки спорт или вештина, треба да изгледа грубо, да се однесува агресивно.

Првата нивна реакција е мал шок и чудење со оглед на тоа дека мојот надворешен изглед е сосем спротивно од тоа што тие го имаат замислено, па затоа и неретко знаат низ смеа да искоментираат дека никогаш не би помислиле дека една ваква нежна девојка може да ги истепа.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-11.jpg

Колку карате натпреварите ти се причина за патувања? Кои земји си ги посетила досега и која ти оставила најсилен впечаток?

Во последните неколку години календарот на натпревари беше многу густ, па секој месец имавме по минимум еден натпревар. Бидејќи секое првенство беше од особена важност се трудевме да учествуваме на што повеќе турнири, а со тоа скоро и да немавме време за приватни патувања во текот на годината.

Патувањето и посетувањето на убави и далечни земји го сфаќав како дополнителна мотивација за уште понапорно тренирање.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-13.jpg

Имам посетено многу земји, а град кој ми оставил најсилен впечаток е Дубаи. Првиот пат кога го посетив бев изненадена и фасцинирана од градбите, културата и начинот на живот.

Исто така би ги издвоила и Куала Лумпур, Берлин и Монпеље како градови кои ми оставиле многу силен впечаток.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-02.jpg

Колку си му благодарна на каратето за изгледот на твоето тело?

Во каратето, како и во секој друг спорт физичката спремност е еден од главните фактори при подготовка за натпреварите. Постигнувањето на таа цел, добра физичка и психичка спремност, води до убав и пред сѐ здрав изглед на моето тело.

Долгогодишното напорно и посветено тренирање ми создаде навика и зависност од физичка активност, па и во периоди кога немам подготовки и натпреварувања, активно вежбам и се грижам за своето тело. 

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-12.jpg

И твојата сестра Наташа Стефановска е шампионка во карате, дали тренирате заедно и колку се инспирирате една со друга? Дали си ги одмерувате силите одвреме навреме?

Наташа Стефановска е исто така една од најдобрите македонски каратистки и мој тренинг и спаринг партнер. Тренираме и се мотивираме меѓусебно секој ден, и можам да кажам дека таа е мојата најголема инспирација и поддршка.

Многу често се случува да се најдеме во спаринг ситуација, но сме многу професионални во тој поглед и личните односи и емоции ги оставаме надвор од татамите. 

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-16.jpg

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-16 (2).jpg

Во медиумите неретко те нарекуваат „најубавата македонска спортистка“, како реагираш на тоа?

Убаво е да се слушне таков комплимент и ми импонира секако, пријатно е чувството кога те препознаваат како убавица. Меѓутоа јас верувам и во изреката „Убавината доаѓа од внатре” па според мене убав човек е секој човек кој што е задоволен со себе, има убави и позитивни мисли, го негува духот и телото и се стреми секој ден да е подобар од претходниот.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-07.jpg

Дали си „истепала“ некој маж досега?

Никогаш не сум се нашла во ситуација да треба да изреагирам со физички контакт и да ги искористам моите карате способности и техники и секогаш се трудам конфликтот да го решам на мирен и цивилизиран начин, а во моменти кога сум лута и нервозна својот бес го истурам на вреќата.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-15.jpg

Најголемиот успех постигнат досега...

Најголеми успеси ми се пласманите на 5то место на Светските Премиер Лиги во Ротердам и Салзбург, 7мо место на Европско Првенство за сениори, 5то место на Европско Првенство за помлади сениори.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-09.jpg

Најголемата цел во животот...

Сон на секој спортист е пласман и освојување Олимписки медал, па од спортски аспект остварување на тој сон би била мојата цел во животот.

Надвор од спортската сала секој ден си поставувам цели кои сакам и се трудам да ги исполнам, а долгорочно се надевам дека ќе бидам успешна и ќе можам да одговорам на сите предизвици кои ме очекуваат во животот.

karatistkata-monika-stefanovska-mazhite-se-chudat-shto-vaka-nezhna-devojka-mozhe-da-gi-istepa-10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Добри Јовевски, наставник кој ја враќа вербата во професијата: „Со дечињата приготвуваме оброци и уч... И додека некои се задоволни да тонат во просекот и сивилото на својата професија...
Офелија Ѓорѓиеска посетила повеќе од 30 земји: „Со ќерката патуваме од 5 месеци, Сиднеј е најубав гр... Со Офелија се запознавме сосема случајно, професионално. Станува збор за една од...
Цеце Георгиев: „Мојот коњ Чарли не ми е само миленик, туку најдобар другар“ „Чарли го имам веќе 4 години, подарок ми е од сопругот, а по целодневните активн...

Најчитани неделава