Млада девојка од Кичево прави уникатни модни креации - поттикна интерес и кај српските стилисти

Нејзините невообичаени и несекојдневни креации веќе го привлекле вниманието на некои познати српски стилисти кои сакаат да остварат соработка со неа. Анастасија Петрески од Кичево има 21 година, а нејзините креации предизвикуваат голем број позитивни реакции.

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-01.jpg

Анастасија е студентка на Технолошко-металуршки факултет на смер „Дизајн и инженеринг на облека“. Таа е моден дизајнер, сама ги илустрира сопствените модели, самата ги фотографира, а во разговор со CRNOBELO.com открива дека има желба младите дизајнери во нашата држава да ја изедначат нашата мода со модата на светско ниво.

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-02.jpg

Таа го привлече вниманието кај македонската јавност со уникатните дизајни со мотиви од Скопје уште во 2016-тата година, а сега веќе сигурно чекори кон тоа да основа сопствен бренд.

„Инспирирана сум од геометријата, архитектурата, а пред се од пропорциите на женското тело и линијата по која тоа се движи, од широките раменици до тесниот струк, па се до истакнатите колкови.

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-03.jpg

Телото на секоја жена е вистинска уметност и требат да му се посвети потребното внимание, па така со моите креации ќе се трудам да ја доловам неговата убавина. На креациите може да се забележат прави и криви линии, полукружни и брановидни кои се движат по фигурата со некоја цел“ – вели таа.

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-04.jpg

Анастасија сѐ уште е студент, а на прашањето за тоа во колкава мера знаењето што се добива во нашата земја може да се мери со она што се добива во поразвиените земји, таа вели:

„Се запишав на овој факултет бидејќи е единствен државен на кој може да се научи за модата. Но, бидејќи ќе го носиме епитетот технолози и инженери многу повеќе се насочуваме кон испитувањата на текстилот и процесите на неговото добивање отколку на креативниот дел кој повеќе го сакам, па така слободното време го користам за дополнително истражување.

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-05.jpg

Јас уште пред неколку години почнав да цртам модни илустрации и отворив страна на Инстаграм каде што ги објавувам, па тоа ми помогна многу полесно да се одлучам дека модата е тоа што сакам да го работам.

Постојат многу престижни факултети во Европа со кои не можеме да се мериме и на студентите им се пошироко отворени вратите кон успехот, но за мене желбата и напорната работа се доволни за сѐ што се сака да се постигне, па сега имаме и полесен пристап до светот преку социјалните мрежи“.

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-06.jpg

Анастасија досега учествувала на две модни ревии од кои едната е факултетска, а другата во рамки на настанот Expo.30, каде што учествуваа 10 македонски дизајнери, а таа била избрана од страна на професорката Лидија Георгиева за да учествува како студент. Нејзините креации досега наишле на позитивни критики и се прифатени од јавноста.

„Засега добивам позитивни реакции и коментари за тоа што го креирам, добив и понуди за соработка од познати српски стилисти, па се надевам дека за скоро ќе излезе нешто интересно“ – вели таа.

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-07.jpg

Анастасија во голема мера работи сама, од дизајн и идеја, до промоција на моделите што ги креира. Таа самата ги илустрира креациите, ги фотографира моделите и ги објавува на социјалните мрежи, но открива дека сѐ уште бара помош со шиењето бидејќи сѐ уште учи. Таа неодамна започна свој бренд за кого има отворено Инстаграм профил, каде ги промовира сопствените креации:

„Јас сум сѐ уште на самиот почеток, штотуку ја отворив страната за мојот бренд со име MONDISH (@mondishofficial) каде што ќе може да се следи тоа што го работам. Засега имам само неколку креации, но мислам дека кажуваат во кој правец ќе се движи приказната“ – открива Анастасија.

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-08.jpg

Таа вели дека има голем број планови за иднината, но, сконцентрирана е на тоа прво да го заврши факултетот:

„Потоа се надевам ќе имам свои модни ревии и сѐ друго. Модата во нашата држава и не е толку актуелна тема на која и се придава потребното значење , малку сме „заглавени“ во работи на кои им поминало времето, но, се надевам дека ние младите дизајнери ќе ја ставиме во иста квота со она што се нарекува светско“ – вели таа.

Во продолжение погледнете дел од креациите на Анастасија:

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-09.jpg

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-10.jpg

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-11.jpg

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-12.jpg

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-13.jpg

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-14.jpg

modnata-dizajnerka-anastasija-petreski-21-cel-mi-e-nashata-moda-da-ja-izednacham-so-svetskata-15.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марио Савовски: „Се преселив во Берлин за да работам во студио за видео игри – како изгледа мојата р... Марио Савовски од Скопје од пред некоја година живее во Берлин и работи во студи...
Спасија Филипова – ликовен уметник: „Македонците сакаат авторски ликовни дела, но не може секој да с... „Интересот за ликовни дела кај Македонците е многу голем, но сметам дека, за жал...
Успешни Македонци низ светот: Ана од Скопје направи хит видео игра со тим од Нови Сад – огромна зара... „Успехот на играта беше тотално неочекуван. Како студенти само сакавме да си ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg