Ели (26) од Гевгелија: „Додека работев на Канарските Острови ми дојде идејата за свој бизнис“

Браво за ваквата креативна младина во Македонија! „Пред 4 години работев во Шпанија на Канарските Острови, каде што голем дел од слободното време го поминувавме на плажа скоро секој ден...“, ја почнува својата приказна Ели Соколова (26) од Гевгелија за CRNOBELO.com и ни открива како ѝ дошла идејата за изработка на персонализирани шешири, колку време ѝ одзема изработката на еден шешир, но и какви барања од неа имаат клиентките.

eli-od-skopje-kako-dodeka-rabotev-na-kanarskite-ostrovi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-01.jpg

Ели Соколова (26) од Гевгелија е креативна девојка која сака авантури, необични и уникатни работи, има студирано туризам и маркетинг во Македонија и Турција, а работи маркетинг за една американска компанија.

Но, тоа што ја исполнува најмногу е нејзиниот мал бизнис, кој го започнала сосема спонтано, а го обожава. Тоа е правењето на персонализирани шешири и модни додатоци за на плажа за нејзиниот бренд „Personalised Vacation“.

Таа обожава да ги прави среќни своите клиентки, така што им ги исполнува желбите да имаат токму онаков шешир каков што си посакуваат, односно со напис кој говори за нив и нивното моментално расположение. 

Креативноста дефинитивно ѝ е силна страна.

Ели ја раскажува својата инспиративна приказна за CRNOBELO.com:

eli-od-skopje-kako-dodeka-rabotev-na-kanarskite-ostrovi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-02.jpg

Забележав дека повеќето девојки на плажа посветуваат внимание на својот изглед и модни додатоци, но сепак шеширите им беа слични...

Па, така ми се роди идеја кога ќе се вратам во Македонија, идното лето да започнам со изработка на персонализирани шешири коишто ќе им овозможат на девојките да имаат поразличен моден додаток за време на својот летен одмор, којшто е изработен со внимание и љубов, воедно секоја од нив да се истакне на свој уникатен начин.

eli-od-skopje-kako-dodeka-rabotev-na-kanarskite-ostrovi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-07.jpg

Летото 2019 скромно започнав со еден модел шешир во 3 бои, и текст во една боја. Како за првпат добив повеќе од очекуваната заинтересираност, меѓу кои и изработки за невести и групни момински прослави, при што ми се роди идеја да ги надополнам шеширите со цветови кои би одговарале на повеќе пригоди и вкусови зависност од пишаниот текст.

eli-od-skopje-kako-dodeka-rabotev-na-kanarskite-ostrovi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-04.jpg

Тука би сакала да напоменам дека добив поддршка од нашата блогерка за патувања и животен стил @janeva, која несебично подаде рака на мал бизнис којшто беше на самиот почеток со тоа што организиравме „giveaway“ и тоа резултираше со зголемена побарувачка на моите производи.

eli-od-skopje-kako-dodeka-rabotev-na-kanarskite-ostrovi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-11.jpg

eli-od-skopje-kako-dodeka-rabotev-na-kanarskite-ostrovi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-13.jpg

Со оглед на тоа дека денешните девојки посветуваат внимание и би сакале да се истакнат за време на летниот одмор, работев на тоа да го проширам асортиманот на производи и изработка, па воведов комплети за мајки и ќерки, сламени шешири, а воедно текстот почнав да го изработувам во повеќе бои.

eli-od-skopje-kako-dodeka-rabotev-na-kanarskite-ostrovi-mi-dojde-ideja-za-svoj-biznis-30.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кристијан Шемкоски: „Живеев брзо темпо на живот, добив анксиозност и панични напади, но се изборив с... „При првиот паничен напад почувствував како мускулите на нозете почнуваат да ми ...
Катерина С. Анѓеловиќ, јога и лајф коуч: „Со јогата се спознаваш себеси, медитацијата е одмор за умо... „Го прашале јогинот – „Што постигна со јогата?“ – „Па постигнав д...
Ивет (30) од Скопје: „Син ми имаше 6 месеци, бев без работа и од машината за шиење на мајка ми добив... „Ја избришав правта од старата машина за шиење на мајка ми и почнав со истражува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg