Урбан лик: Пако Радовановиќ, архитект со безвременски моден стил - вози кабриолет од 1992 година, носи ист модел очила од студии

Колку за тебе е важно за еден маж да важи дека е вистински господин? Те препознаваат како таков, што претставува за тебе вистински господин?

За мене е важно да бидам господин, според моите критериуми, а не ми е важно дали ме препознаваат како таков.

Господин не се раѓа, туку се станува низ години на воспитување, едукација и самонадградба.

urban-lik-pako-radovanovikj-arhitekt-so-bezvremenski-moden-stil-vozi-kabriolet-od-1992-godina-nosi-ist-model-ochila-od-studii-02.jpgПако Радовановиќ, мајсторот Фарук и архитектот Ѓоко Радовановиќ (таткото на Пако)

Господин за мене е човек со вистински манири, добро воспитан, образован, елоквентен... Некој кој не се наметнува по секоја цена.

urban-lik-pako-radovanovikj-arhitekt-so-bezvremenski-moden-stil-vozi-kabriolet-od-1992-godina-nosi-ist-model-ochila-od-studii-07.jpg

Кој ти е омилен начин на релаксација? Важиш ли за авто-мото фанатик?

Тоа што најмногу ме релаксира е да се извозам сам во мојот кабриолет, без музика, без никој околу, да сум сам со себе макар на кратко, да наполнам батерии.

urban-lik-pako-radovanovikj-arhitekt-so-bezvremenski-moden-stil-vozi-kabriolet-od-1992-godina-nosi-ist-model-ochila-od-studii-15.jpg

Не сум голем познавач на автомото индустријата, но едноставно знам што сакам. Тоа се возила со безвременски дизајн.

Не сум љубител на моменталниот правец на автоиндустријата на електрични возила и многу компјутери во возилото, тач екрани и разни светилки во боја.

urban-lik-pako-radovanovikj-arhitekt-so-bezvremenski-moden-stil-vozi-kabriolet-od-1992-godina-nosi-ist-model-ochila-od-studii-08.jpg

Поради тоа возам велосипед Pinarello Dyna од 1990 и Mercedes-Benz SL-Class (R129) од 1992 и секако Vespa.

urban-lik-pako-radovanovikj-arhitekt-so-bezvremenski-moden-stil-vozi-kabriolet-od-1992-godina-nosi-ist-model-ochila-od-studii-10.JPG

Излегуваш ли? Има ли во Скопје ноќен живот, кои ти се омилени локали?

Во последно време сè помалку. Со другарите седнуваме на ручек двапати месечно, што често знае да премине во вечера.

Навечер знаеме до Three Kitchen & Bar да излеземе, таму некако најмногу ми одговара атмосферата, а пред некоја вечер бев во поранешно Џубокс и ми се допадна. Има повозрасна клиентела, која се забавува и не видов никој на телефон да гледа, а тоа посебно ми се допадна.

urban-lik-pako-radovanovikj-arhitekt-so-bezvremenski-moden-stil-vozi-kabriolet-od-1992-godina-nosi-ist-model-ochila-od-studii-03.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Инспиративен лик: Филип Иванов – пастор во Велес, голем хуманитарец и вљубеник во природа, кој оди н... Филип Иванов (33), веќе 5 години работи како пастор во Велес и во интервју за CR...
Интервју со дуото ДНК: Панчо во кафеана ја нарачува „Недеља“ од Џеј, Андреј вели дека уште се истите... Велат дека воопшто не се променети како луѓе во овие 20 години кариера, Андреј р...
Сестрите Татјана и Тамара (24) од Свети Николе изработуваат бајковити креации за мали принцези и мај... Сестрите близначки, Татјана и Тамара Маневи, вљубенички во модата и дизајнот, на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg