Моника за свадбената бајка со ракометарот Филип Кузмановски: „Првиот танц и огнометот нема никогаш да ги заборавам“

Ковидот беше тежок период, како за сите, така и за нас, свадбата беше закажана за јуни 2020 година, сѐ беше организирано и закажано, но плановите се сменија.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-09.jpg

Тој период го поминавме дома во константно пазење затоа што во Бундеслигата играчите беа тестирани пред секој тренинг и секој натпревар. Мислам дека никој од нас не очекуваше дека таквиот период ќе трае повеќе од 2 години.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-06.jpg

Можеби два-три пати се прашавме дали да ја откажеме свадбата со оглед на тоа дека во 2019 година направивме регистрација со 50-тина најблиски луѓе во винарија во Битола и беше прекрасна забава која траеше скоро 12 часа.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-28.jpg

Но, не сакавме да ни биде криво понатаму во животот и во некој миг да се почувствуваме дека сме пропуштиле нешто и не згрешивме.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-10.jpg

Свадбата беше во подготовки принудно скоро 2 години. Како локација избравме скопска винарија, која е под отворено небо и го има тој рустично романтичен изглед, кој го сакавме.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-18.jpg

Група Маестро се погрижи за музиката, па во духот на нашата забавна природа направивме одлична забава.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-33.jpg

За фустан заедно со мојата Тамара (пријателка) се одлучивме за долче романтичен стил, деликатни набори, француска чипка и форми кои го исцртуваат телото, едноставност со некој twist, но затоа што комфорот е исто значаен во вакви целодневни забави се решив за замена во текот на ноќта на фустанот со комбинезон со кристален накит.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-21.jpg

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-37.jpg

Фризурата и шминката ја препуштив на Зоран Шурбевски и морам да кажам дека со него се разбираме одлично, му верувам и немавме ниту пробна шминка, ниту пак знаев што има замислено до денот на свадбата.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-20.jpg

Украсувањето на свадбата се состоеше од свежо цвеќе и голем број на свеќи кои под отвореното небо го правеа просторот уште поромантичен.

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-30.jpg

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-15.jpg

Би издвоила неколку моменти кои за мене ќе останат незаборавни, првиот танц на песната „I’m your lady“ од Селин Дион, огнометот под отворено небо и реченицата на Филип на крајот на вечерта кога ги испративме сите гости: „А што викаш јас и ти вака да си правиме на секои две-три години?“

svadbenata-bajka-na-monika-i-nashiot-rakometar-filip-kuzmanovski-43.jpg

Повеќе фотографии на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Филип Митовски (26) е козар и земјоделец: „Имам 150 кози, станувам во 6 часот наутро за да ги измолз... „Еден типичен ден како козар на нашиот имот во селото Дурачка Река ми изгледа ва...
Еден ден со Ангела, мајка на две деца до 3 години: „Денот ми започнува во 5h, немаме баби во Скопје“ „Сама сум често со двете деца, сопругот не дека не сака да биде со нас, туку так...
Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Љубовната приказна на Љупка и Марјан: „Врската ни беше на релација Скопје-Копенхаген, ме запроси кај... „Врската ни беше со пречекувања и испраќања на аеродром, броење денови до следна...
Филип Ѓурков од Штип - маж со урбан стил, кој страста за мода ја наследил од дедо му и татко му „За мене, да бидам кавалер не е нешто застарено или театарско - тоа е избор, нач...
Гаро Тавитјан за Андреј ДНК, другарот од училишните клупи: „Беше омилен во нашиот клас, нè собираше ... „Андреј беше човек на кој можеш секогаш да се потпреш, пријател кој би направил ...

Најчитани неделава