Дарко Ангеловски, пожарникар и одбојкар: „Опремата ни тежи 20kg, во случај на пожар ставете влажна крпа на лицето“

„Во оваа професија клучно е да се учи од постарите колеги пожарникари. Во случај на пожар најважно е да не се паничи, ако е во почетна фаза пожарот, може секој да го сопре ширењето на оганот, но ако се соочите со поголем пожар само евакуирајте се, а ако сте заробени во затворена просторија ставете влажна крпа на лице и пожарникарите ќе пристигнат“, споделува Дарко Ангеловски - Шаби (28) од Скопје за CRNOBELO.com.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-01.jpg

Дарко Ангеловски - Шаби (28) од Скопје е македонски одбојкарски репрезентативец, кој речиси една година работи како пожарникар.

Со одбојка се занимава веќе 14 години, но вели дека инстантно се вљубил и во хуманоста и тимската работа која е дел од пожарникарството.

За првата љубов – одбојката, но и за како е да се биде пожарникар, Дарко споделува за CRNOBELO.com:

Го носиш епитетот „еден од најдобрите одбојкари во Македонија“… Колку ти значи ова? Од кога почна со одбојка, колку години си дел од македонската репрезентација?

Најдобар на својата позиција пред сè. Значи како да не значи кога си дал од себе толку труд внесено во спортот и нормално е да бидеш најдобар.

А за почетоците биле малку подоцна на 14, 15 години, а од 17 години веќе станав дел од најдобрите.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-22.jpg

До ден денес имам околу 110 натпревари изиграни репрезентативно, тоа е повеќе од 10-тина години во А селекцијата, а за успеси има доста.

Многу сребрени медали, две Европски првенства, има премногу успеси од кога сум на терените, да не биде да одвојувам нешто само ќе кажам убаво е да си репрезентативец и што повеќе победи, толку посилен тим имаш околу себе.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-04.jpg

Но, како еден активен одбојкар стана пожарникар? Што те привлече кон оваа професија и како изгледаше процесот на станување пожарникар? Што е потребно, каква обука имаше? Зошто токму пожарникар?

Активен сум сè уште и во подготовка сум за тоа трето Европско првенство на кое ќе сме домаќини тука во Скопје, а за пожарникар ми се допаѓа тимската игра, во случајот тимската работа.

Има некоја сличност на тим – во едното е пламен, во другото е топка, но сепак покрај себе имаш некој на којшто треба да се верува дали спорт, дали пожар, важен е тимот и за успех мора да се потрудат сите.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-02.jpg

За пожарникар има обуки, физички и психички. Сепак, секој пожарникар треба да пред сè биде физички спремен, ова е дел од конкурсот, но за да се стане професионален пожарникар се дообучуваме сите со образование и со вежби што се случуваат во бригадата, која трае одреден период и по завршување на цела обука се стекнуваш со диплома за професионален пожарникар.

Но, пред сè е желбата и тоа дека сме во служба е за граѓаните, помагањето на нив и хумана работа.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-10.jpg

Како изгледа работниот ден на еден пожарникар?

Прво е проверката на возила од страна на сите пожарникари и возачи, потоа има вежби што траат одредено време кои се случуваат во пожарна, нормално после вежбите има и ручек време кое според куќниот ред и тоа има времетраење за да се биде нормално фит има фитнес што треба да се одработи во рок од една смена што е дежурство од 12 часа.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-16.jpg

Во твоето досегашно искуство си бил ли дел од гаснење на некој поголем пожар? Како изгледа тоа?

Да, секако за речиси една година работа имам едно такво големо искуство.

Поточно се работеше за шумски пожар каде голема површина беше зафатена и нормално од самата глетка командирот на акцијата нè подготви и кажа дека ќе имаме доста работа и така и се случи.

Младост и искуство во едно, работа и борба со оганот и топлината. За среќа, пожарот беше ставен под контрола и изгасен и беа спасени пчели во кошници и на крајот имаше уморни, но задоволни лица на сите колеги за завршена акција.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-14.jpg

Кои лекции ги научи од постарите колеги? 

Од постари се учи секогаш, а во пожарникарството баш треба да се слуша и да се гледа да се биде блиску до нив.

Сепак ние како млади имаме многу да учиме за да ги стигнеме. Поучни, тактички работи пред сè споделувањето искуство е несебично од постарите колеги кон нас помладите.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-07.JPG

Се заработува ли добро како одбојкар во Македонија? Се цени ли овој спорт кај нас?

За почеток мора да кажам дека тешко е навистина да си одбојкар спортист во нашава држава, во споредба со другите спортови да не кажам жално.

Нема никаква регулатива, минималното плаќање, не ви тече ниту стаж, ниту здравствено осигурување. А за ценење? Да, се цени само на репрезентативен план, а останатото не.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-03.jpeg

Како долгогодишен репрезентативец си има своја тежина и ценење од јавноста.

darko-angelovski-pozharnikar-i-odbojkar-opremata-ni-tezhi-20kg-vo-sluchaj-na-pozhar-stavete-vlazhna-krpa-na-liceto-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дарко Андонов е доказ дека соништата треба да се следат - по 18 години се враќа на Макфест: „Привиле... „Уште од младоста ми беше привилегија да настапувам на Макфест, од деца растевме...
Интервју со Сашко Коцев: „Признанието од филмските работници има посебна тежина“ Неодамна заврши четвртото издание на манифестацијата „Златна рамка“ во организац...
Мартина Димовска е првиот македонски аналоген астронаут: „Оделото тежи околу 35 kg, потребни се 30 м... „Оделата тежат околу 34-35 килограми. Почетник којшто добро го има совладано про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg