„Поради кризата со нафтата, цените на авионските билети растат. Многу македонски фамилии сакаат да си дојдат летото за Македонија. Но, ако отворите сега да купите билет за едно лице, во два правца, најевтината карта е околу 1.000-1.200 долари, и тоа со неколку застанувања дури се стигне до Скопје. Во превод, за 4-члено семејство, треба да се плати околу 5.000 долари само за авионски билети, и тоа не баш најдобри летови, со невклучени куфери“, споделуваат Марија од Америка и имиграциониот адвокат Филип Чичевалиев.