„Бев на екскурзија со другарчињата, бев мала и не знаев дека после примање на инсулин морам веднаш да јадам и како и сите мали деца и јас бев пребирлива по јадењето. Откако сум паднала во кома, веднаш ме хоспитализирале на интензивна нега во Клиниката во Охрид, каде два дена сум била во кома, а по будењето имав и кратка амнезија, која за среќа брзо помина...“, споделува Миа Чичкариќ (17), ученичка во 4-та година во СУГС Гимназија „Орце Николов“ за CRNOBELO.com.