„Сцените кај што ме вртат во центрифуга се вистински“ - Милош Биковиќ во Скопје, откри како се снимал филмот „Предизвик“

„Во моментот кога авионот ќе те „залепи“ на таванот, тогаш тежиш дупло повеќе од нормалната тежина. За време на снимањето на првиот филм снимен во вселената, на актерскиот тим му откажал системот за спојување со Меѓународната Вселенска Станица, па за малку немало да се спојат“ - овие детали ги откри актерот Милош Биковиќ, кој денес гостува во Скопје, за да го промовира своето најново актерско остварување.

milosh-bikovikj-prvpat-vo-skopje-za-premierata-na-filmot-snimen-vo-vselenata-01.jpg

Српската ѕвезда Милош Биковиќ денеска е првпат во Скопје. Познатиот актер дојде во киното Cineplexx да го промовира својот филм „Предизвик“, првиот филм снимен во вселената.

Милош Биковиќ беше пречекан со еуфорија, а многуте обожаватели на актерот дојдоа и неколку часа порано за да застанат во првите редови и да можат да се фотографираат со една од најголемите ѕвезди во регионот.

milosh-bikovikj-prvpat-vo-skopje-za-premierata-na-filmot-snimen-vo-vselenata-09.jpg

Милош одржа прес конференција каде пред македонските новинари зборуваше за искуството и снимањето во авион во бестежинска состојба, но и за овој историски подвиг во светската кинематографија.

milosh-bikovikj-prvpat-vo-skopje-za-premierata-na-filmot-snimen-vo-vselenata-02.jpg

Како што рече во своето обраќање до новинарите, сите сцени во филмот се реални.

„Сцената во која ме вртат во центрифугата е вистинска, со тоа што не ме пуштија на 8G како што е тоа во филмот, туку до 4G. Не може да ме пуштат на 8 без претходно да се направи скен на мозок бидејќи нешто може да ти пукне. Затоа бевме многу внимателни“ - појасни тој.

milosh-bikovikj-prvpat-vo-skopje-za-premierata-na-filmot-snimen-vo-vselenata-08.jpg

На прашање на CRNOBELO.com, Милош појасни со какви предизвици се соочил за време на снимањето на оваа сцена. 

„Не бев свесен за предизвиците со кои што ќе се соочам за време на снимањето, бев подготвен, но не очекував дека ќе се соочам со толку голем број на предизвици.

Откако го изгледав филмот тогаш станав свесен за сè што сме направиле.

Затоа што авионот лета до одредена височина, па потоа има повеќе метри во слободен пад за да лета нормално, и имаш многу кратко време и мораш да ги фатиш инструментите како вистински хирург“ - вели Биковиќ.

milosh-bikovikj-prvpat-vo-skopje-za-premierata-na-filmot-snimen-vo-vselenata-07.jpg

Тој појасни дека за време на подготовките имале консултации со вистински хирурзи од торакална хирургија кои ги упатиле во тоа како треба правилно да се држат инструментите, а како што рече, во моментот кога авионот ќе те „залепи“ на таванот, тогаш тежиш дупло повеќе од нормалната тежина.

На прашањето како се чувствувал за првпат кога го погледнал филмот со публиката во кино салите, тој вели дека бил многу возбуден и горд на сè што направиле и на историскиот подвиг што го оствариле.

milosh-bikovikj-prvpat-vo-skopje-za-premierata-na-filmot-snimen-vo-vselenata-05.jpg

На прашање на CRNOBELO.com за тоа колку бил тежок процесот на снимањето на самиот филм „Предизвик“, со оглед дека ова е прв филм што воопшто бил снимен во вселената, Милош откри дека им откажал системот за спојување со Меѓународната Вселенска Станица, па за малку немало да се спојат.

Режисер на филмот е Клим Шипенко, кој заедно со актерката Јулија Пересилд беше во Руската вселенска станица и таму ги сними кадрите за овој фантастичен филм.

Милош на прес конференцијата откри дека актерката планира да напише книга за нејзините искуства и за тоа како ѝ било додека била во вселената.

milosh-bikovikj-prvpat-vo-skopje-za-premierata-na-filmot-snimen-vo-vselenata-03.jpg

Освен Биковиќ и Пересилд, во „Предизвик“ глумат и Владимир Машков, Пјотр Дубров, Јелена Ваљушкина и други.

Македонската премиера е закажана за 11 мај од 19.30 часот, по што филмот ќе се најде на редовниот репертоар на Cineplexx. 

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ на Малдиви со сопругата и синот: „Стануваме во 5, фрламе камчиња во базен, така некако... „Необјаснива желба да се фрлаат камчиња во базен (на Василиј, не моја), станувањ...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
Во недела сакале да соопштат дека е бремена, во петок двајцата загинаа под натстрешницата во Нови Са... „Милош и Анѓела. Требало да се најдат на железничката станица во Нови Сад. Беа в...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Александра Пријовиќ нуди 5.000€ за дадилка на децата - Што треба да прави таа за астрономската плата... На неколку недели пред породувањето со второто дете, српската пејачка и нејзинио...

Најчитани неделава