Северина ужива во Рим, откако емотивно му честиташе роденден на најблискиот пријател
- Детали
- петок, 19 мај 2023
Севе ужива во Рим, но пред тоа прослави еден од најзначајните денови – роденденот на нејзиниот долгогодишен пријател и ПР менаџер Давор Гргин. „Срце мое, да не те сретнев навистина ќе беше грев...“, емотивно му напиша таа.
Северина објави фотографија од Рим на која изгледа среќно и задоволно и во описот напиша: „Животот е убав“. Таму е со својот син Александар.
Кратко пред тоа, таа му честиташе роденден на својот долгогодишен пријател Давор Гргин со фотографија на Инстаграм.
Севе му посвети емотивна објава:
„Срце мое, да не те сретнев навистина ќе беше грев, затоа што ние двајца сме права спојка. Среќен роденден љубави“.
Таа неретко позира во прегратката на Давор, а тој е тука за неа без разлика дали станува збор за родендени или мигови од секојдневието.
Покрај тоа што ѝ е пријател, Давор долго време ја има и улогата на нејзин ПР менаџер.
Повеќе фотографии од добрите пријатели и соработници:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





