Најзгодните доктори во Србија – врвни лекари по кои жените лудуваат

Откако Daily Mail го прогласи белграѓанинот Василије Вујовиќ за најсекси естетски хирург на светот, почна вистинската хистерија по него. Кои се најзгодните српски лекари кои се сон на секоја жена?

najzgodnite-doktori-vo-srbija-vrvni-lekari-po-koi-zhenite-luduvaat-01.jpg

Дамите сакаат мажи во униформа, но на прво место им се лекарите. Па уште ако се згодни, тие се вистински сон на секоја жена.

На лекарите им оди во прилог и тоа што се паметни, сочувствуваат со другите и се грижливи - карактеристики што повеќето жени ги бараат кај партнерот.

Кои се најзгодните доктори во Србија?

Д-р Василије Вујовиќ, специјалист за реконструктивна и естетска хирургија

Британскиот Daily Mail го прогласи белграѓанинот Василије Вујовиќ за најсекси естетски хирург на светот. И, оттогаш почна вистинската хистерија по него.

Иако е женет и има син, тоа не ги спречува девојките да му пишуваат секојдневно.

„Не сакам агресивни девојки, туку интересни, забавни и со смисла за хумор. Физичкиот изглед не е важен, важно ми е таа да ми е мене убава“, рече тој во една прилика.

Д-р Борис Стаменковиќ, стоматолог

Пред да се посвети целосно на професијата, Борис беше модел, а беше во врска и со пејачката Катарина Грујиќ. Откако раскинаа, тој се повлече од јавниот живот и ѝ се посвети на стоматологијата.

Д-р Дејан Димитријевиќ, гинеколог

Димитријевиќ (52) е прогласен за еден од 15-те најдобри гинеколози во Србија. За тоа колку е посветен и стручен зборува и фактот што породил илјадници жени, а тие имаат само пофалби за него. Оженет е и има син.

Д-р Милош Вучиќ, стоматолог

Милош ѝ е брат на пејачката Сања Вучиќ (некогашна членка на „Hurricane“), но и одличен стоматолог.

Иако денес има мускулесто тело, некогаш имал проблем со вишок килограми. Сепак, за една година успеал да симне 25kg и да се трансформира целосно.

„Како дете бев дебел, Сања исто. Но, кога во 2011 тргнав на факултет, решив да се сменам. Почнав да тренирам интензивно, и по неколку години стигнав до килограмите што ги имам денес“, рече тој во една прилика.

Д-р Срѓан Продановиќ, хирург

Овој хирург важи за еден од најдобрите во Србија. Жените неколкупати го избираа за лекар со најубава насмевка. Оженет е и има дете.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една од најзгодните пејачки во регионот Теодора Џехверовиќ откри со кој дел од телото мака мачи „Со еден дел на телото секогаш мака мачам. Регулирањето на исхраната и стресот б...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Едната има 280 станови, другата ќе го наследи „пола Белград“ - Кои се трите најбогати ќерки во Србиј... Пораснале опкружени со изобилие и во луксуз и се наследнички на најбогатите српс...
Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...
Трагедија го потресе регионот: 5-годишно момче се удави во аква парк во Србија - тренер по пливање г... Децата безгрижно си играле и се капеле во детскиот базен, кога за само еден миг ...

Најчитани неделава