Запознајте го најзгодниот доктор од Белград, кој постојано добива непристојни понуди (фото)

Естетскиот хирург Василије Вујовиќ (32) неофицијално е прогласен за најзгоден хирург во светот, а е роден и живее во Белград. Тој постојано добива непристојни предлози од девојки, но сè уште не ја нашол сродната душа.

zapoznajte-go-najzgodniot-doktor-od-belgrad-koj-postojano-dobiva-nepristojni-ponudi-01.jpg

За овој естетски хирург пишуваше и DailyMail во 2017-тата година, а според британскиот медиум, лекарот од Србија е „најзгоден хирург во светот“. Тој е специјалист за реконструктивна и естетска хирургија, а на социјалните мрежи често објавува фотографии од она што го работи, но и фотографии од себеси.

Тој во моментов на Инстаграм има 208.000 следбеници, што ја следат неговата работа, а го следат и него. Меѓу големиот број фотографии од естетските операции што тој ги направил ќе најдете и низа фотографии од него во теретана, на планинарење, селфи фотографии, а жените просто не можат да се одлучат на која фотографија изгледа подобро.  

Тој во една пригода пред неколку години изјави дека неговиот добар физички изглед во голема мера му предизвикува проблеми во работата:

„Имав проблеми поради добриот изглед, но морав да се научам како да се справувам со тоа. Најважно е да знаете што правите, особено во професија како мојата. Не сакам агресивни девојки. Сакам љубезни девојки. Сакам девојката да биде интересна, забавна и да има смисла за хумор. Не ми е важен физичкиот изглед. Сакам да бидам со таква жена“ – рече тој.

Според него естетската хирургија е многу повеќе од силикони и разубавување. Како што вели таа се работи кај луѓе што имаат одредени аномалии, им недостасува дел од телото како последица на изгореници или рак на кожата.

Иако како што призна и самиот тој неодамна за магазинот Story, неговиот Инстаграм профил е преполн со непристојни понуди од девојки, тој сè уште не ја пронашол сопствената сродна душа. Како што вели, во моментов „не е зафатен“. Тврди дека себеси не се гледа како многу згоден, како што вели, има и позгодни од него, но најверојатно не се фотографираат.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Прочитајте и Згодни доктори заради кои нема да сакате да пропуштите преглед

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава