Србинка има сопруг од Египет: „Живееме во Белград, многу луѓе нè осудуваат“

Нина од Србија и нејзиниот сопруг од Египет живеат во Белград. Тие се брачен пар кој е популарен на Инстаграм, но велат дека покрај позитивните коментари, се соочуваат и со многу критики од луѓе кои не ја оправдуваат нивната врска поради бројните стереотипи за културата на сопругот.

srbinka-ima-soprug-od-egipet-zhiveeme-vo-belgrad-mnogu-lugje-ne-osuduvaat-poradi-sterotipite-01.jpg

Шика (30) од Египет и Нина (27) од Србија се брачен пар кој живее во Белград и на Инстаграм редовно споделуваат детали од секојдневието.

Но, и покрај популарноста на нивниот профил со речиси 30.000 следбеници, одвреме-навреме се соочуваат со лоши коментари бидејќи потекнуваат од потполно различни држави и култури.

Сепак, Нина вели дека ова ги мотивира да продолжат да бидат искрени на Инстаграм со цел да ги отстранат стеротипите.

Нина и Шика, чие вистинско име е Мухамед, се запознале во Египет.

„Првпат отидов во Египет во 2017 година преку студентска организација на волонтерска пракса. Запознавањето (со Шика) беше кратко и воопшто не беше посебно. Се видовме на една пијачка и си кажавме по неколку збора.

Потоа со поголема група седевме во некој бар – не си се допаднавме, па и не ни зборувавме многу“, вели Нина за нивните почетоци.

View this post on Instagram

A post shared by Shika & Nina (@shikaandnina)

Но, подоцна, кога се запознале подобро, сфатиле дека имаат многу заеднички нешта.

„Дури подоцна, кога почна нашето онлајн пријателство, почна да ми се допаѓа тоа што е пријателски настроен, многу интелигентен, ми изгледаше како да е многу мудар и ми се допадна неговиот уникатен поглед кон животот“.

Кога ја почнале врската, семејството на Шика немало никакви замерки, но родителите на Нина се двоумеле.

„Неговото семејство од почетокот ја поддржуваше нашата врска бидејќи ме знаеја уште од пред да ја почнеме врската. Моите родители беа загрижени бидејќи не знаеја кој е Шика, но кога дојде во Србија и го запознаа, беа воодушевени.

Луѓето го поддржуваат нашиот брак и генерално имаат позитивни реакции. Меѓутоа, има и негативни. Откако објавуваме на ТикТок и Инстаграм, повеќе сме изложени на реакциите на околината и за жал, но и за среќа, имаме директен увид во тоа како нè гледаат луѓето“.

Нина брзо се адаптирала на египетската култура, а го учи и арапскиот јазик. Сега, пак, пробува и да ги разбие стереотипите за Арапите.

„Не ми требаше многу. На почетокот се плашев поради стереотипите кои насекаде ги слушаме за Арапите. Но, штом отидов во Египет сфатив дека тие стереотипи не се точни. Ова ми помогна да сфатам дека разликите не се лоши. Кога ќе го сфатите тоа, нема да ви биде тешко да сфатите што било друго.

Студирав арапски јазик, и го зборувам. Уште не како што би сакала, но се надевам дека еден ден ќе се случи и тоа“.

Нина истакнува и дека помеѓу Египќаните и Србите постојат бројни сличности на кои би требало да се фокусираат сите.

„Египќаните и Србите се еднакво забавни, традиционални и се држат до своите култури и обичаи. Мислам дека Египќаните се малку потопол народ од нас Србите и иако се милионска држава, имате впечаток како сите да се дел од едно големо семејство.

Мислам дека Србите се подиректни. Секако, и во двете култури има од сè по нешто и многу различни луѓе“.

Нина вели и дека Египќаните знаат по нешто за Балканот. Кога ќе им кажела од каде е, прво ѝ го спомнувале Тито, а повеќето го знаеле и Новак Ѓоковиќ.

Шика и Нина имаат живеено и во Каиро, а сега размислуваат дали ќе остануваат во Белград или повторно ќе одат во Египет.

„Животот во Белград е многу помирен во споредба со живот во град од неколку милиони луѓе. Во Египет секогаш минувате време со луѓе и ретко кога сте сами. Секоја вечер се собираат во голем број, седат заедно и изгледа како сè што правите, да го правите во група.

Ако сте на улица и некој ве погледне, обично треба да му се обратите. Од друга страна, кога Шика го прави тоа тука, многу често ги буни луѓето“.

„Моментално размислуваме каде би живееле и ќе донесеме одлука кога добро ќе размислиме каде животот би бил подобра. И двете опции се отворени бидејќи и Египет и Србија имаат да понудат многу, секоја земја на свој начин“.

Повеќе фотки од парот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград н... Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на умет...
„Додека Нина продаваше крофни, татко ѝ кришум си ги бришеше солзите“: Хероината од Нови Сад среќна, ... „Нина е дар од Бога. Направи чудо, а не е ни свесна за тоа. За неа сè ова е норм...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg