Го славеле роденденот на љубовницата, па имале секс - Сите гласини за сопругот на Николина Пишек, кои таа потврди дека се точни

„Пред да почине, го славеле роденденот на љубовницата, имале секс, па починал во сон“ – Овие гласини кружеа по смртта на Видоје Ристовиќ, а Николина Пишек во интервју потврди дека се апсолутно точни.

go-slavele-rodendenot-pa-imale-seks-glasinite-za-smrtta-na-soprugot-shto-nikolina-pishek-potvrdi-deka-se-tochni-01.jpg

Хрватската ТВ водителка Николина Пишек (47) деновиве е актуелна откако потврди дека пишувањата во медиумите по смртта на нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ се точни и дека тој не бил на масажа, како што првично се тврдеше, туку бил во станот на љубовницата.

Српскиот историчар на уметноста почина во неговиот стан во Белград на 8-ми мај 2020-та година, а официјалната верзија за неговата смрт беше дека починал на маса за масажа, но Николина одлучи да стави крај на гласините и да потврди дека жената која вечерта била со него му била љубовница.

go-slavele-rodendenot-na-ljubovnicata-pa-imale-seks-glasinite-za-soprugot-shto-nikolina-pishek-potvrdi-deka-se-tochni-02.jpg

Српските портали набрзо по смртта открија дека станува збор за извесна Данијела Б. која во станот каде што почина Видоје, живеела под кирија, а во станот имала свој салон за масажа, но вечерта поранешниот сопруг на Николина Пишек не бил на третман, туку на средба со неа.

Српскиот портал Republika.rs повикувајќи се на свои извори, пренесува што кажала Данијела во полиција за тоа што се случувало кобната вечер.

go-slavele-rodendenot-na-ljubovnicata-pa-imale-seks-glasinite-za-soprugot-shto-nikolina-pishek-potvrdi-deka-se-tochni-03.jpg

Таа изјавила дека таа вечер го славеле нејзиниот роденден и дека Видоје испил една чаша алкохол, вотка или виски, но таа не се сеќавала точно да каже што, бидејќи била во шок.

По ова, признала дека имале секс и дека тој не се пожалил на никакви здравствени проблеми, по што заспале.

„Таа тврдеше дека во еден миг се свртела кон Видоје и забележала дека тој не дише, по што веднаш повикала Брза помош. Но, кога лекарите пристигнале веќе било доцна за реанимација, и тие само констатирале смрт“ – пишува Republika.rs.

go-slavele-rodendenot-na-ljubovnicata-pa-imale-seks-glasinite-za-soprugot-shto-nikolina-pishek-potvrdi-deka-se-tochni-04.jpg

Потоа, Данијела му се јавила на таткото на Видоје, Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф кој дошол веднаш за да ги преземе личните работи на својот син.

Набрзо по смртта на Видоје, Данијела се отселила од станот и го затворила студиото за масажа, а во моментов никој не знае каде се наоѓа.

go-slavele-rodendenot-na-ljubovnicata-pa-imale-seks-glasinite-za-soprugot-shto-nikolina-pishek-potvrdi-deka-se-tochni-05.jpg

Николина Пишек, пак, ги потврди информациите, а за љубовницата на Видоје, рече дека веќе не се ни сеќава како се викала, но дека неговиот татко е тој што се обидел средбата да ја „продаде“ како масажа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош: „Имаше мажи кои не знаеја дека сум ... „Имаше мажи кои не знаеја дека сум го променила полот. Генерално, кога врската ќ...
Данијела Димитровска купи стан од 500.000€ со 6 години помладиот свршеник - Поглед на море во монден... „Моментално го опремуваме станот, но знаете и самите, ништо никогаш не оди точно...
Николина Пишек се смири со свекорот, кој ѝ забрани да влезе во станот во Белград каде што живееше со... Најголемиот спор меѓу хрватската водителка и таткото на нејзиниот починат сопруг...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...

Најчитани неделава