Вирално видео: Келнер во Грција влегува во вода до врат само за да ги услужи гостите

Бич бар на грчкиот остров Родос поставил лежалки во морската вода за да им овозможи на туристите уникатно искуство, но келнерите мора да влезат во вода до врат за да можат да ги достават нарачките. Видео од еден келнер кој беше потопен до врат и едвај ги држи послужавниците вирално се прошири на социјалните мрежи.

ova-se-sluchuva-so-godini-viralno-video-od-kelner-na-rodos-koj-vleguva-vo-voda-do-vrat-za-da-gi-usluzhi-gostite-01.jpg

Островот Родос во Грција е една од омилените туристички локации во текот на летниот период, а деновиве еден од популарните бич барови се најде на удар на критики кај грчката јавност, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како келнерот за да ги однесе нарачките до оддалечените лежалки во водата, мора да влезе во вода и накиснат да стигне до нив.

Дел од грчките медиуми пишуваат дека ова е вообичаена практика во бич баровите на Родос и дека тоа го прават сите келнери што одлучиле да работат во нив.

Иако ова било практика со години наназад, по виралното видео, грчките власти ветија дека ќе ги засилат инспекциите за да увидат што точно се случува.

За грчките весници изјава даде и сопственикот на бич барот кој рече дека келнерот сам се понудил да ја достави нарачката, а негова вина е тоа што е премногу низок, па водата му стигнала до вратот.

„Ние не го натеравме сосила келнерот да влезе во вода.

Водата му стигна до градите затоа што е премногу низок. Тој сам се понуди да ја однесе нарачката“ – се вели во изјавата.

ova-se-sluchuva-so-godini-viralno-video-od-kelner-na-rodos-koj-vleguva-vo-voda-do-vrat-za-da-gi-usluzhi-gostite-02.jpg

Инаку, според него, лежалките во вода се поставени за да им се овозможи на туристите уникатно искуство, и да можат да уживаат комотно без гужви.

Видеото е објавено на ТикТок, а во коментарите некои од оние што го погледнаа велат дека келнерот зема плата од 5.000 евра месечно, па и тие би го работеле истото за тие пари.

Според други, пак, келнерот сигурно знаел што вклучуваат неговите работни обврски и самиот прифатил да го работи тоа.

ova-se-sluchuva-so-godini-viralno-video-od-kelner-na-rodos-koj-vleguva-vo-voda-do-vrat-za-da-gi-usluzhi-gostite-04.jpg

Дел од порталите во Грција пишуваат дека келнерите во познатиот бич бар на Родос работат во слични услови од 2015-та година.

Погледнете го видеото:

@protothema.gr

#rodos #beach #bar #service #protothema #news #ελληνικοτικτοκ #greektiktok #fyp #tiktokgr

♬ πρωτότυπος ήχος - protothema.gr

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Турист предупредува: „Бев на одмор во Црна Гора, наидов на рибата лав - прекрасна е, но отровна, вни... „Бидете внимателни, бидејќи може да се појави и во плитка вода. Рибата лав е мно...
„Во животот мора да настрадаш, да го допреш дното - за да сфатиш што е важно“: Емотивна исповед на Ј... Од 2021-ва таа е разделена со сопругот, а ова вели дека е најболната работа што ...

Најчитани неделава