Жена бара совет: „На одмор сме во Грција, не можеме да спиеме од соседите кои се собираат пред апартманот, децата им врескаат“

„Секоја вечер 3 до 4 семејства со мали деца ги спојуваат масите, гласно се смеат и разговараат, децата гласно врескаат и така e до полноќ“ – се жали една Србинка на Фејсбук и бара помош. Нејзината објава го подели мислењето на членовите во групата – за едни таа е „намќор“, а други ја советуваат да ги пријави. Што би направиле вие?

zhena-bara-sovet-na-odmor-sme-vo-grcija-ne-mozheme-da-spieme-od-sosedite-koi-se-sobiraat-pred-apartmanot-a-decata-im-vreskaat-01.jpg

За некои луѓе годишниот одмор е време кога сакаат да се одморат и да се наспијат додека се на море, а други пак сакаат да се опуштат, да склопат пријателства со „соседите“ во близина и да се дружат. На која категорија луѓе спаѓате вие?

Една Србинка на Фејсбук групата „Грчка инфо“ побара помош од членовите на групата за да најде начин како да се справи со незавидната ситуација во која се нашла.

„Поздрав, дали има некој искуство и што да правам... Пред нашиот апартман има заеднички простор.

Секоја вечер 3 до 4 семејства со мали деца ги спојуваат масите, пијат, пушат, гласно се смеат и разговараат, децата врескаат и така до полноќ.

Ние и другите туристи што сакаме да спиеме, бидејќи сме не одмор, не можеме од бучавата.

На опомените дека не се сами, не реагираат. Ве молам за совет“ – напиша таа.

zhena-bara-sovet-na-odmor-sme-vo-grcija-ne-mozheme-da-spieme-od-sosedite-koi-se-sobiraat-pred-apartmanot-a-decata-im-vreskaat-03.jpg

Коментарите во групата се различни. Додека едни тврдат дека кога се оди на туристичко место, очекувано е да има бучава, други велат дека тоа што се на одмор, на луѓето не им дава право да го реметат мирот на останатите.

„Во секој комплекс мора да постои куќен ред, побарајте од сопственикот на апартманот да го почитуваат“;

„Секогаш се наоѓа по некој намќор кому сѐ и сешто му смета“;

„Па дошле луѓето на одмор за да се забавуваат, а не да спијат“;

„Па ако е до полноќ, како што велиш, тогаш е во ред, затоа што тоа е одмор. Па нема веројатно сите да си легнеме во 10 часот заради вас, кои не сакате да се дружите“;

„Мое мислење... Запознајте се со луѓето и со нив смејте се и уживајте во одморот“;

„Секако дека овде некои ќе се обидат да ве убедат дека и вие треба да се однесувате како нив, дека не знаете да се забавувате и дека всушност вие сте тие што се проблематични затоа што не ја прифаќате таа некултура.

Секаде во цивилизираниот свет постои куќен ред, без разлика дали се работи за зградата каде што живеете, работите или го поминувате одморот. И тоа постои за да се почитува.

Пријавете ги на сопственикот на апартманот, тој има обврска да ви обезбеди мир и постојано сместување, тука каде што сте одлучиле да го поминете одморот“ – стои во дел од коментарите.

zhena-bara-sovet-na-odmor-sme-vo-grcija-ne-mozheme-da-spieme-od-sosedite-koi-se-sobiraat-pred-apartmanot-a-decata-im-vreskaat-02.jpg

Што мислите вие? Треба ли да им се замери на луѓето што до полноќ прават седенки со децата или да им се дозволи да уживаат онака како што сакаат?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава