„Зошто ја сакам Албанија како место за летување?“ - Вирална објава на српски турист за одморот во Шенѓин

„Пред да си одам дома, застанав во пекарницата да ги потрошам преостанатите пари, некои 400 леки или 4 евра, да купам печива за по пат. Излегов со 3 полни ќеси сендвичи, кифлички , лепчиња, плетенки, полнети печива со сирење, чоколадо. 'Подарок за среќен пат', рече со насмевка дечкото од Ѓаковица и ме остави шокиран и без зборови“, стои во објавата на српскиот турист.

zoshto-ja-sakam-albanija-srpski-turist-krena-prashina-na-fejsbuk-otkako-beshe-na-letuvanje-vo-shengjin-01.jpg

Во Фејсбук групата „Летување во Албанија“ членовите споделуваат свои искуства од одморот во оваа земја, а неодамна и српскиот турист Драган Чапеља раскажа како си поминал на летувањето во Шенѓин, албански приморски град познат по песочните плажи и бројните хотелски комплекси.

Тој во својата објава раскажа за луѓето што ги запознал таму и поради кои вели повторно ќе се врати во Албанија.

Неговата објава крена голема прашина на Фејсбук, па и други членови на групата продолжија да ги раскажуваат своите искуства.

zoshto-ja-sakam-albanija-srpski-turist-krena-prashina-na-fejsbuk-otkako-beshe-na-letuvanje-vo-shengjin-02.jpg

За своето летување, Драган напиша:

„Шенѓин, лето 2023. Зошто ја сакам Албанија?

Затоа што госпоѓата која е сопственик на мини маркетот ми вели: „Се сеќавам на тебе, ти и жена ти бевте овде минатото лето“.

Бидејќи еден косовски Албанец, гостин во хотелот во кој престојував, попатно ме поздрави на англиски и со извинување ме праша од каде сум, па му одговорив: „Од Србија“, а тој со насмевка веднаш го продолжи разговорот на српски како да се познаваме 100 години.

zoshto-ja-sakam-albanija-srpski-turist-krena-prashina-na-fejsbuk-otkako-beshe-na-letuvanje-vo-shengjin-03.jpg

Затоа што кога влегов во пекарницата-пицерија Lidhja e Prizrenit и на англиски реков: „Може ли да нарачам пица?“, еден дечко на возраст од триесетина години ме праша: „Која ја сакаш?“ и на српски почнува да ги набројува состојките на секоја понудена пица од менито.

Синоќа, пред да си одам дома, застанав кај споменатата пекарница да ги потрошам преостанатите пари, некои 400 леки или 4 евра, планирајќи да купам печива за по пат. Излегов со 3 полни ќеси сендвичи, кифлички , лепчиња, плетенки, полнети печива со сирење, чоколадо.

Подарок за среќен пат,“ рече со насмевка дечкото од Ѓаковица, кој ме остави шокиран и без зборови“, стои во објавата на српскиот турист.

zoshto-ja-sakam-albanija-srpski-turist-krena-prashina-na-fejsbuk-otkako-beshe-na-letuvanje-vo-shengjin-05.jpg

Неговиот текст предизвика лавина коментари. Едни велат дека никој никогаш не слушнал некој во Албанија да зборува на српски, иако со години летува во Валона, а други дека домаќините мора да се љубезни, штом веќе тој како турист ги остава парите таму.

Но, во групата има и други туристи ги споделија своите позитивни искуства од летувањето во Албанија, и кои велат дека повторно ќе се вратат таму, и поради убавите плажи и поради пријатните домаќини.

zoshto-ja-sakam-albanija-srpski-turist-krena-prashina-na-fejsbuk-otkako-beshe-na-letuvanje-vo-shengjin-04.jpg

 А. Ј. | Црнобело / фото: Pinterest

Би можело да ве интересира:

„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Прва објава на сопругот на Марија Микиќ по разводот: „За некого си целиот свет и тој некој те вика Т... „Некогаш, ќерко, ќе бидеш тажна, а никој нема ни да праша зошто. Верувај ми, ќе ...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...

Најчитани неделава