Огромни бранови во Грција: Застрашувачки сцени и спасувачки акции на Лефкада и Патра, се удави синот на познат грчки актер во Фурни

Едно момче било најдено удавено во Грција, на островот Фурни, а на социјалните мрежи се објавени видеа од две одделни спасувачки акции со туристи што заради силните морски бранови и струи биле заробени во морето. Грчките медиуми објавуваат предупредувања - туристите да не влегуваат во вода кога временските услови не се погодни за тоа.

ogromni-branovi-vo-grcija-videa-od-spasuvachki-akcii-na-lefkada-i-patra-se-udavi-sinot-na-poznat-grchki-akter-vo-furni-01.jpg

Деновиве беа забележани големи бранови во водите на грчките мориња, заради што на социјалните мрежи и во медиумите се објавени повеќе предупредувања со туристите да бидат особено внимателни.

Во вторникот (08.08) спасувачките служби на плажата Kathisma на Лефкада мораа да интервенираат кога 5 кајаци беа заглавени на околу 400 метри од брегот и не можеа да се вратат на брегот заради лошите временски услови.

Благодарение на брзата интеревенција на властите 4-членото семејство и странскиот водич на групата биле пренесени на брегот.  

ogromni-branovi-vo-grcija-videa-od-spasuvachki-akcii-na-lefkada-i-patra-se-udavi-sinot-na-poznat-grchki-akter-vo-furni-03.jpg

Според пишувањата во грчките медиуми, водичот бил странски државјанин кој во лоши временски услови им ги изнајмил кајаците на туристите, а немал соодветна дозвола за изнајмување возила за рекреација, што е задолжителна во Грција.

Според пишувањата во грчките медиуми, странскиот водич се соочува со казна затоа што ги прекршил законите во Грција, тој во моментов е сместен во затвор, а дополнително против него ќе бидат поднесени соодветни прекршочни казни.

Во продолжение погледнете го видеото од спасувачката акција:

На Фејсбук групата „Грчка инфо“ се објавени уште неколку видеа од спасување на две девојчиња кои биле на возраст од 14 и 15 години, во Патра, во близина на мостот Рио Антирио.

Заради силните морски струи девојчињата биле одвлечени подалеку од брегот и не можеле да се вратат.

Голем број возрасни на брегот се обиделе да ги спасат девојчињата, а потоа и самите останале заробени во морските води.

На крај сите биле спасени со помош на траект и глисер.

/

/

/

Покрај овие видеа од спасување, во грчките медиуми е објавена веста за трагедијата што се случи на островот Фурни, каде почина 11-годишниот син на грчкиот актер Одисеис Стамулис.

ogromni-branovi-vo-grcija-videa-od-spasuvachki-akcii-na-lefkada-i-patra-se-udavi-sinot-na-poznat-grchki-akter-vo-furni-05.jpg

Момчето излегло од дома околу 2 часот попладне, а мајка му околу 6 часот го пријавила за исчезнато во полиција.

Момчето било најдено од локален жител во близина на пристаништето со маска на лицето и костим за капење, по што било пренесено во болница, а таму била констатирана смрт.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Може да одгризе прст – Колку е опасна отровната пуфер риба која почна да се појавува во Грција? Во водите на Грција периодов е забележан зголемен број на таканаречената отровна...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Во недела сакале да соопштат дека е бремена, во петок двајцата загинаа под натстрешницата во Нови Са... „Милош и Анѓела. Требало да се најдат на железничката станица во Нови Сад. Беа в...
Туристи во Грција добија казна од 250 евра за користење СУП даска без елече за спасување Вирално се шири видео од туристи кои добиле казна од 250 евра за веслање со СУП ...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...

Најчитани неделава