Северина ги убедува родителите на другарите на синот да ги пуштат децата кај неа на концерт (видео)

„Не знам што ми е поубаво, идејата на Александар да ги земе другарчињата на концерт или трудот на мајката за да му ја исполни желбата“, „Севе ме расплака“, „Се стопив додека го гледав видеото“, коментираат на Инстаграм, а Севе успеа да го усреќи синот - сите негови другарчиња се појавија на нејзиниот концерт.

severina-e-majka-za-10-ka-odi-od-vrata-na-vrata-i-gi-ubeduva-roditelite-na-drugarite-na-sinot-da-gi-pushtat-decata-kaj-nea-na-koncert-01.jpg

Хрватската ѕвезда Северина одржа концерт во Блато, место на Корчула, а на концертот ги одведе и другарите на нејзиниот син Александар.

Таа објави видео на Инстаграм како оди од врата на врата и ги убедува родителите на другарите на синот дека треба да ги пуштат децата на нејзиниот концерт, бидејќи Александар имал желба сите негови другари да дојдат и да ја гледаат мајка му додека пее.

severina-e-majka-za-10-ka-odi-od-vrata-na-vrata-i-gi-ubeduva-roditelite-na-drugarite-na-sinot-da-gi-pushtat-decata-kaj-nea-na-koncert-02.jpg

„Мамо, можеш ли да ги убедиш родителите на моите пријатели да одиме од Врдник во Блато на твојот концерт?

Па, каква мајка би била, сине, ако не ти ја исполнам желбата...“, пишува Северина на Инстаграм.

severina-e-majka-za-10-ka-odi-od-vrata-na-vrata-i-gi-ubeduva-roditelite-na-drugarite-na-sinot-da-gi-pushtat-decata-kaj-nea-na-koncert-06.jpg

Пејачката заедно со својот син оди до куќите на неговите другари, оние што не ги наоѓа ги бара на плажа и низ гратчето, па иако не ги познава, најљубезно ги моли да ги пуштат децата на концертот.

Таа им кажува дека организирала превоз на сите, дека со децата ќе има возрасни кои ќе ги чуваат и дека сите заедно ќе стојат пред бината, одвоени од публиката.

severina-e-majka-za-10-ka-odi-od-vrata-na-vrata-i-gi-ubeduva-roditelite-na-drugarite-na-sinot-da-gi-pushtat-decata-kaj-nea-na-koncert-04.jpg

Потегот на Северина предизвика вистинско воодушевување во регионот, па нејзините следбеници велат дека таа е „мајка за 10-ка“.

„Не знам што ми е поубаво, неговата идеја да ги земе другарчињата на концерт или трудот на мајката за да му ја исполни желбата“, „Севе е мајка кралица, ме расплака“, „Се стопив додека го гледав видеото“, пишуваат во коментарите.

severina-e-majka-za-10-ka-odi-od-vrata-na-vrata-i-gi-ubeduva-roditelite-na-drugarite-na-sinot-da-gi-pushtat-decata-kaj-nea-na-koncert-07.jpg

Но има и такви кои се шегуваа на сметка на своите родители, па велат:

„Татко ми би рекол: И папата да дојде, ако сум рекол не може – значи не може“, „Мајка ми би одговорила: Нема мене Севе да ми кажува што може, што не може“.

severina-e-majka-za-10-ka-odi-od-vrata-na-vrata-i-gi-ubeduva-roditelite-na-drugarite-na-sinot-da-gi-pushtat-decata-kaj-nea-na-koncert-05.jpg

Северина во видеото покажа и како децата стигнаат на концертот, а потоа, пред да ја испее песната „Rodjeno moje“, посветена на синот, таа ги поздрави и кажа дека сите другарчиња на Александар се дојдени на концертот.

Screenshot_2023-08-14_085518.jpg

Погледнете го видеото како Северина ги убедува родителите да ги пуштат своите деца на концертот и да се дружат со Александар:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...

Најчитани неделава