Јелена Карлеуша во смел стајлинг ги покажа лузните од царскиот рез (и не крие дека се гордее со нив)

Јелена Карлеуша објави неколку фотографии во црн фустан кој едвај ѝ ги покрива градите и гениталиите, а под кој се гледаат лузните од царскиот рез. Иако лузните ги нема во спотот и на официјалните фотографии, пејачката не се срами да ги покаже јавно и вели дека е горда на нив.

jelena-karleusha-vo-smel-stajling-gi-pokazha-luznite-od-carskiot-rez-01.jpg

Српската пејачка Јелена Карлеуша, која на 13.08 го промовираше новиот албум „Alpha“ и спотот за песната „KarlyB*tch“, деновиве на својот Инстаграм постојано објавува фотки и видеа од зад сцената, направени за време на снимањето на спотот, од фотосесијата за корицата на албумот, од дружењето со екипата која работела на создавањето на спотот.

jelena-karleusha-vo-smel-stajling-gi-pokazha-luznite-od-carskiot-rez-09_copy.jpg

Карлеуша објави и неколку фотографии од нејзиниот смел стајлинг, црн фустан кој едвај ги покрива градите и гениталиите и под кој се гледаат лузните од царскиот рез.

На дел од фотките, пак, има само црн кожен градник и гаќички и зелена перика.

jelena-karleusha-vo-smel-stajling-gi-pokazha-luznite-od-carskiot-rez-02_copy_copy.jpg

Иако лузните ги нема во спотот и на официјалните фотографии, пејачката не се срами да ги покаже и вели дека е горда на нив.

Јелена, која е позната по тоа што нема влакна на јазикот и отворено зборува за сè, неколку пати претходно ги коментираше своите лузни на телото.

jelena-karleusha-vo-smel-stajling-gi-pokazha-luznite-od-carskiot-rez-04_copy.jpg

„Да, знам дека зумирате и ја гледате лузната од мојот царски рез. И тоа не една, туку три (две лузни од породување и една од отстранување на бениген тумор). Не би ми пречело да имам и повеќе.

Никогаш не ги кријам лузните, горда сум на нив. И лузните на телото и лузните на душата нè прават тоа што сме. Уникатни и едни во милијарда,“ рече таа во една пригода.

jelena-karleusha-vo-smel-stajling-gi-pokazha-luznite-od-carskiot-rez-08.jpg

Пејачката последниов период е актуелна со новиот албум, кој е прв на Карлеуша по повеќе од 10 години.

Сепак, новите песни на дивата ги поделија мислењата, па според едни тој е вистинско совршенство, а за други е „фијаско“ за кое не вредело да се чека цела деценија.

jelena-karleusha-vo-smel-stajling-gi-pokazha-luznite-od-carskiot-rez-10.jpg

Таа пак, не реагира на коментарите и направи домашна журка за да го прослави излегувањето на албумот и на големо ја промовира втората песна, „Mashallah“ која е дует со Милица Павловиќ.

jelena-karleusha-vo-smel-stajling-gi-pokazha-luznite-od-carskiot-rez-07.jpg

Прочитајте и „Фијаско, ја копираш Гага“: Јелена Карлеуша со спот од 250.000 евра, еротско издание и билборди низ Белград поттикна лавина реакции

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со дрзок коментар за Теа Таировиќ: „Смрди на евтино и преку екран“ Запрашана што мисли за стилот на Теа Таировиќ, која се фотографираше во костим с...
Јелена Карлеуша (47) разочарана од кошаркарот (31) со кој ја поврзуваа: „Не сакал омразата кон мене ... „Се сеќавате на онаа приказна од летово дека сум во врска со оној кошаркарот. Ко...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Пејачката Катарина Живковиќ за борбата за потомство: „Јас бев една од жените што имаат проблем со за... „Кога јавно почнав да зборувам за проблемот што го имав, кога му се заблагодарив...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...

Најчитани неделава