Jугоносталгија: Натоварен „стокец“ во 2023 вози кон Јадранот и ги враќа најубавите сеќавања на едни дамнешни времиња (фото)

„Чувајте ја оваа легенда“, „Кој не возел „стокец“ не знае што пропуштил“ - фотографија направена во 2023 година предизвика вистинска носталгија. Ви буди ли и вам сеќавања за тоа како изгледаа летувањата во времето на Југославија? Сте виделе ли некој ваков автомобил на улиците во Македонија во последно време?

natovaren-stokec-vo-2023-vozi-kon-jadranot-i-gi-vrati-najubavite-sekjavanja-na-edni-damneshni-vreminja-dali-i-vam-vi-ja-razbudi-nostalgijata-01.jpg

Босанскиот портал Bjelovar.live објави фотографија која им ја испратил нивен читател, а ја направил на автопат, додека возел кон Јадранското Море.

На фотката е некогаш најпопуларниот автомобил Застава 101, познат како „стокец“, со копривничка регистрација. Натоварен со сè и сешто, автомобилот „крца“, па си мислиш дека нема да издржи да стигне до крајната дестинација.

Ова беше вообичаена сцена пред 40-тина години, кога жителите на сите југословенски републики „се товареа“ и тргнуваа кон Јадранот.

По патиштата се возеше бавно поради тежината на автомобилот, а најмногу можеа да се видат „југовци“, „фиќа“ и „стокецови“, и по некој „голф кец“.

Фотографијата ја разбуди носталгијата по едни убави времиња во целиот регион, а луѓето почнаа да ја споделуваат, сеќавајќи се како се одело на летување во ’80-тите години, кога ќе ставиш сè во автомобилот, па ако не успееш да се спакуваш, ќе наредиш и на надворешниот багажник.

„Ова треба да се заштити со закон“, воодушевено пишуваат во коментарите.

natovaren-stokec-vo-2023-vozi-kon-jadranot-i-gi-vrati-najubavite-sekjavanja-na-edni-damneshni-vreminja-dali-i-vam-vi-ja-razbudi-nostalgijata-02.jpg

„Убави носталгични времиња, браво за сопственикот на возилото“,

„Чувајте ја оваа легенда“,

„Кој не возел „стокец“ не знае што пропуштил“,

„Ние секогаш носевме и бочва со 50l вино, па се „трескавме“ 8 часа до Задар. Денешните Чеси ни оддалеку не се товарени колку што бевме ние на времето“, пишуваат на објавата на порталот.

Но имаше и такви кои не пропуштија да се пошегуваат на сцената од зелениот ретро автомобил кој во 2023 година вози кон приморјето.

„Можеби уште во 1980-те тргнале да се вратат дома. Уште малку па ќе стигнат. До 2030 ќе дојдат до Копривница“, вели еден коментар.

Автомобилот, кој денес е класика и не се произведува, во далечната 1972 година чинел 2000 долари. Според денешната вредност на парите тоа е околу 11.000 евра, пишува на Фејсбук страницата „Застава 101 форум“.

Последната Застава 101 е произведена во 2008 година.

Дали и вам оваа сцена ви ја разбуди носталгијата?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден од најубавите српски парови ја живее својата бајка - Ја запроси на Хаваи, го чекаат првото дете Немања Миловиќ ја запроси својата сакана Нина Јовановиќ на Хаваи и откри дека то...
„Ќе го пријавам сопругот за силување“ - Нова драма на Ана Николиќ, неколку дена по свадбата на Малди... „Господинот Рале дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но. ...
Емина Јаховиќ искрена: „Научив да готвам во бременоста, немав што да правам, а после Мустафа не сум ... „Немав што друго да правам во блажена состојба и научив да готвам. Се селам на с...
Јелена Карлеуша (47) разочарана од кошаркарот (31) со кој ја поврзуваа: „Не сакал омразата кон мене ... „Се сеќавате на онаа приказна од летово дека сум во врска со оној кошаркарот. Ко...
Сестрата на Наташа Беквалац со смела фотка од плажа: „Се помислив дали на 40 години треба да објавам... Откако Кристина Беквалац објави провокативна фотка од плажа со долга мотивациска...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...

Најчитани неделава