Херој од Грција: Млад фармер си ги спасува животните од пожарите во Атина + потресни сцени од катастрофата
- Детали
- среда, 23 август 2023
По големиот пожар во Александрополи, Грција се соочува и со страшен пожар во областа на Атина. Луѓето пробуваат да се спасат како знаат, а грчки фотограф сподели емотивни фотографии од фармер кој очајно пробува да ги спаси неговите животни.
фото: Инстаграм
Пожарите во Грција не стивнуваат, а покрај стихијата во областа на градот Александрополи, има активни пожари и околу Атина.
Според медиумите, вчера (22.08) попладне биле евакуирани луѓе од неколку предградија во западниот дел на Атина, како и од селата во периферијата Атика.
Пожарот почнал нешто пред 12 часот попладне и брзо се проширил поради ветрот.
Луѓето пробуваат да се спасат како што знаат, а многумина го даваат најдоброто од себе за да ги спасат и нивните миленици, но и сточните животни што ги чуваат.
Грчкиот фотограф Костас Циронис кој живее во Атина сподели потресни фотографии од ситуацијата во областа околу градот.
На дел од фотографиите се гледа и млад фармер кој среде огнот се обидува да ги спаси неговите животни.
Младото момче, чие име не е познато, носи куче во рацете, а потоа е фотографирано и како води коњ и магаре.
На некои фотографии се гледа и како пожарникарите се борат со огнот, но и како им помагаат на избезумените жители да се засолнат на безбедно.
Според медиумите, во близина на Атина било пронајдено телото на повозрасен маж, а жртви има и во пожарите околу градот Александрополи.
Досега биле пронајдени 19 тела, што значи вкупниот број на жртви од пожарите досега изнесува 20.
Во Грција пристигнале околу 120 пожарникари од Кипар, Романија, Чешка, Хрватска, Германија и Србија кои помагаат во гаснењето на пожарите.
Според метеоролозите, жешкото и суво време во Грција, кое значително го зголемува ризикот од пожари, ќе се задржи до петок.
Претходно, на 18-ти јули, имаше пожар и на југот од грчкиот остров Родос, поради што беа евакуирани околу 20.000 луѓе, главно туристи.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





