Се евакуираат туристи и жители - Пожари на Крф, Родос и Евија во Грција (фото+видео)

„Само се спакувавме и си ги зедовме пасошите“ – велат туристи на грчкиот остров Крф кои морале итно да се евакуираат заради пожарите што беснеат таму. На социјалните мрежи се споделуваат видеа од туристите кои бегаат од одморалиштата, додека пожарникарите се борат со огнената стихија.

se-evakuiraat-turisti-i-zhiteli-kade-ima-pozhari-vo-grcija-foto-video-01.jpg

Во неделата попладне (23.07) изби голем пожар на грчкиот остров Крф, при што жителите и туристите од поголем број населени места беа евакуирани. Околу 59 британски туристи беа евакуирани од селото Nisaki.

Според информациите во грчките медиуми, пожарот го зафатил северниот дел од островот, при што горат големи површини шума.

Засега се евакуирани повеќе населени места како Santa, Megoula, Porta, Palaia Perithia, Sinies, Viglatouri, Nisaki, Rou, Katabolo, Kentroma, Tritsi, Kokkokylas, Sarakiniatika, Plagia, Kalami, Vlahatika и Kavalleraina.

Со бродови на крајбрежната стража, голем број жители и туристи се пренесуваат од опожарените региони.

На Твитер од утрово се споделуваат видеа од островот, па од снимките може да се види дека противпожарните служби кои пожарот го гаснеа со помош на хеликоптери и авиони успеале да ја стават состојбата под контрола.

Освен на Крф, пожари има и на островот Родос, каде е воведена вонредна состојба. На Родос пожарите траат шест дена, а силните ветрови на островот ја отежнуваат борбата со огнените јазици,

Според информациите во грчките портали, евакуирани се вкупно 12 населби: Kiotari, Gennadi, Pylonas, Laerma, Lardos, Lindos, Kalathos, Malona, ​​Asklipieio, Pefkos, Massari, Haraki.

https://www.tiktok.com/@greekcitytimes/video/7258699818808184065

Освен на Родос и Крф, пожари има и на островот Евија, каде на местото Platanisto Karystos гори шума и тревна вегетација.

На социјалните мрежи се споделуваат повеќе видеа и фотографии од ситуацијата со пожарите во Грција.

„Ова е погледот од нашата вила кога се вративме да си ги спакуваме торбите и да си ги земеме пасошите. Во моментов сме во автомобилот и се чудиме што да правиме“ – стои во еден твит.

„Крф се бори со пожарот што се шири брзо. Надреални сцени, како во апокалипси, беспомошни сме додека трае уништувањето“.

На Твитер е објавена мапа, на која се гледа каде во моментов има најголеми пожари во Грција:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Туристи во Грција добија казна од 250 евра за користење СУП даска без елече за спасување Вирално се шири видео од туристи кои добиле казна од 250 евра за веслање со СУП ...
Туристи оставија хаос во вила во Хрватска, сопствениците згрозени - Столчиња фрлени во базен, купишт... Откако видеото од хаосот стана вирално, јавноста се подели - едни се згрозени од...
Ќерката на Харис Џиновиќ се фали со јахтата на очувот од 10 милиони евра - Позира во бањарка, објаву... Џина сподели и видеа на кои во провокативна поза се снима во огледало во својата...
Туристка истура пепел на почината личност низ улиците на Санторини – локалците гневни, ја осудуваат ... На вирално видео се гледа како жена истура пепел од почината личност низ улиците...

Најчитани неделава