Николија Јовановиќ искрено за изгледот: „Ставам ботокс, а ги тетовирав веѓите и усните, но се каам за пластичните операции“

„На третмани со ботокс одам еднаш или двапати годишно и нема потреба од повеќе“ – вели Николија Јовановиќ во видеото во кое откри на што се должи нејзиниот изглед. Пејачката претходно призна дека се кае за пластичните операции и откри кои естетски корекции ги направила.

nikolija-jovanovikj-gi-otkri-tajnite-za-sovrshenoto-lice-dvapati-godishno-stavam-botoks-a-gi-tetovirav-vegjite-i-usnite-01.jpg

Српската пејачка Николија Јовановиќ, која е ќерка на Весна Змијанац и партнерка на Реља Поповиќ, на Инстаграм Стори објави ново видео во кое се пофали со новата фризура, но и призна дека редовно оди на третмани со ботокс за лицето да ѝ биде совршено.

„На третмани одам еднаш или двапати годишно и нема потреба од повеќе. Океј, попушта ботоксот, но лицето ми е буквално совршено“ – вели таа во краткото видео.

nikolija-jovanovikj-gi-otkri-tajnite-za-sovrshenoto-lice-dvapati-godishno-stavam-botoks-a-gi-tetovirav-vegjite-i-usnite-02.jpg

Освен тоа, пејачката се пофали дека направила тетоважа на веѓите и на усните и дека тоа го прави еднаш во две години.

„Буквално сè е совршено, нема потреба да доаѓам на корекција сигурно уште две години“ – рече Николија.

Инаку, Николија, пред извесен период објави подолго видео на ТикТок, во кое призна дека направила поголем број естетски операции уште додека била многу млада, па сега се кае заради нив.

„Прво нешто што коригирав, беа градите. Имав многу голем комплекс затоа што бев рамна како штица. Таа операција во 20-тите години направи да се чувствувам убаво во сопственото тело.

Но, сега во 30-тите никогаш не би вградила силикони, и, да можам да го вратам времето, никогаш не би ја направила таа операција, затоа што мислам дека природните гради се најубави и дека имплантите се непотребни“ – рече таа.

nikolija-jovanovikj-gi-otkri-tajnite-za-sovrshenoto-lice-dvapati-godishno-stavam-botoks-a-gi-tetovirav-vegjite-i-usnite-03.jpg

Втората грешка што таа ја направила, бил силиконот во усните.

„Како девојче, заради некоја глупава мода, во своите преубави усни ставив метакрил.

Тој со текот на времето се изобличи и изгледав како патка. Минатата година имав хируршка интервенција за да го извадам целиот вештачки материјал од усните и сега тие се речиси природни, како што беа“ – рече Николија.

Прочитајте и Пред Реља била во врска со кошаркар од Нигерија, си го смени личниот опис со операции – Животната приказна на Николија Јовановиќ

Погледнете повеќе фотографии од Николија во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Гласини за неверство, го отследи од Инстаграм - Дали по 11 години „пукна“ врската на Реља и Николија... „Анита рече дека сек*от со Реља бил невидено добар и дека се виделе 3 дена пред ...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава