По јавните превирања, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ пак заедно – Се фотографираа за роденденот на ќерките

По јавните превирања на социјалните мрежи Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно. Тие двајца одлучија да ги остават недоразбирањата настрана и да се фотографираат заедно за роденденот на ќерките.

po-javnite-previranja-jelena-karleusha-i-dushko-toshikj-pak-zaedno-se-fotografiraa-za-rodendenot-na-kjerkite-01.jpg

Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера (07.09) го прослави роденденот на нејзините ќерки Ника и Атина во еден белградски хотел.

По превирањата на социјалните мрежи, Јелена и Душко, кои во моментов водат постапка за развод, решија на една вечер да „прогласат примирје“ и да го прослават роденденот на ќерките.

Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави повеќе фотографии на кои се гледа како го прославиле 15-иот роденден на Атина и 14-иот роденден на Ника.

Јелена на роденденот носела бел провокативен фустан, додека Душко за оваа пригода избрал елегантен костум.

За потсетување, пред само два дена сите српски портали пренесоа за превирањата на социјалните мрежи меѓу Душко и Јелена, откако таа во едно интервју го нарече најголемата грешка во нејзиниот живот, по што тој сподели цитат од Иво Андриќ на социјалните мрежи:

„Кутар е оној што мора некого да понижи за себеси да се воздигне!“

Прочитајте и Јелена Карлеуша повторно го прекрши договорот со Душко Тошиќ: „Тој ми е најголема грешка - поважни му се таблоидите од семејството“

Погледнете ги фотографиите од роденденот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Душко Тошиќ си позира со помалата ќерка во Турција, откако се огласи против Карлеуша: „Има ли крај?“ „По толку години... За што и да се зборува, Јеца постојано зборува за Душко. Има...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Ќерките на Карлеуша блескаа во Париз, пред Душко Тошиќ да биде „уловен“ со русокоса - налик на Јелен... Атина е вистинска долгонога убавица, а Ника го има силниот карактер на мајка си....
Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција среде ноќ + Сите нејзини пријави за насилство к... Јелена Карлеуша го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради упад во вилат...
Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со... Душко Тошиќ и покрај успехот и раскошот во кој ужива, никогаш не заборава од кад...

Најчитани неделава