Бајага фотографиран со новата девојка – Како изгледа жената со која е во врска, откако се разведе по 33 години брак?

Минатата година се разведе по 33 години брак, а призна и дека има нова партнерка. Додека сите се прашуваат како изгледа неговата нова девојка, на еден фотограф му се посреќи, па сосема случајно успеа да ја „улови“ одблиску и да покаже како изгледа жената што го освои легендарниот музичар.

bajaga-sosema-sluchajno-fotografiran-so-novata-devojka-kako-izgleda-zhenata-so-koja-e-vo-vrska-otkako-se-razvede-po-33-godini-brak-01.jpg

Минатата година балканската јавност остана збунета кога се дозна дека легендарниот музичар Момчило Бајагиќ Бајага се разведува од сопругата Емилија по неколку децении брак.

bajaga-sosema-sluchajno-fotografiran-so-novata-devojka-kako-izgleda-zhenata-so-koja-e-vo-vrska-otkako-se-razvede-po-33-godini-brak-03.jpgСо сопругата

Оваа вест беше изненадување, ако се знае дека тој во минатото за сопругата имаше само пофални зборови и велеше дека таа му е главна инспирација за сите љубовни песни.

„Иако не прифаќам премногу да се истакнувам во јавност и работите од приватниот живот да се провлекуваат по жолтиот печат... Сепак, веројатно веќе сите знаете. Па, еве и јас да се огласам. Официјално сум разведен“ – напиша тој накратко на Фејсбук по вестите дека се разделиле со сопругата.

bajaga-sosema-sluchajno-fotografiran-so-novata-devojka-kako-izgleda-zhenata-so-koja-e-vo-vrska-otkako-se-razvede-po-33-godini-brak-02.jpg

Набрзо потоа музичарот даде изјава дека иако е разведен, тој не е емотивно слободен, што многумина го протолкуваа како негов обид да каже дека сепак има партнерка и не е сам.

Пред извесен период се дозна дека Бајага има нова девојка откако екипата на емисијата Paparazzi lov го фотографираше како влегува во станот на неговата нова девојка, но тогаш нејзиното лице не се гледаше премногу.

bajaga-sosema-sluchajno-fotografiran-so-novata-devojka-kako-izgleda-zhenata-so-koja-e-vo-vrska-otkako-se-razvede-po-33-godini-brak-04.jpgфото: YouTube - принтскрин

Но, видливо беше дека новата партнерка на Бајага е генерациски блиска до него и дека одлично се сложуваат.

bajaga-sosema-sluchajno-fotografiran-so-novata-devojka-kako-izgleda-zhenata-so-koja-e-vo-vrska-otkako-se-razvede-po-33-godini-brak-05.jpgфото: YouTube - принтскрин

Сега, на социјалните мрежи објавена е нова фотка на која убаво може да се види како изгледа новата партнерка на пејачот, откако еден минувач сосема случајно успеал да ги фотографира додека тие двајца заедно возеле велосипеди на Ада Циганлија.

Фотографот сакал да го фотографира погледот на белградското излетиште, а не ни очекувал дека во кадар ќе „му влезе“ познатиот музичар со партнерката чијшто идентитет се труди да го скрие од јавноста.

Фотографот коментира дека музичарот бил многу вознемирен, па реагирал бурно затоа што мислел дека намерата му е него да го фотографира.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
„Ме разведе жена, а не сегашниот дечко“ – Марија Микиќ повторно проговори за новата љубов Откако се проширија гласини дека новиот дечко на Марија е адвокатот што ја разве...

Најчитани неделава