Ја отпеа „Тек је 12 сати“, на 53 години изгледа подобро отколку во младоста – Каде е денес Вана од „Е.Т“?

„Откако ја снимивме ‘Тек је 12 сати’, веќе ништо не беше исто. Песната стана мегахит, нè обожаваа. Полневме клубови, а патувањата до некои градови беа вистинска авантура. До Славонски Брод стигавме преку Сава со сплав, а до Задар одевме преку окупирани делови од земјата, зашто немаше како поинаку“, вели Вана, некогашната пејачка на „Е.Т“.

peeshe-vo-osijek-dodeka-svirea-sireni-za-vozdushna-opasnost-na-53-godini-izgleda-podobro-otkolku-vo-mladosta-kade-e-denes-vana-od-e-t-01.jpg

Еден од најголемите хитови од 1990-те е песната „Тек је 12 сати“ на легендарната група „Е.Т“. Овој хит го испеа пејачката Ивана Врдољак, позната по уметничкото име Вана.

Со песната пораснаа многу генерации, лудуваа додека ја пееја на забави, а и денес се пее и врти на радио станиците.

Иако на почетокот беше ангажирана да ги пее придружните вокали во тогаш популарната група Е.Т., по неверојатниот успех на песната „Тек је 12 сати“, Вана стана членка на бендот.

peeshe-vo-osijek-dodeka-svirea-sireni-za-vozdushna-opasnost-na-53-godini-izgleda-podobro-otkolku-vo-mladosta-kade-e-denes-vana-od-e-t-02.jpg

За кратко време почнаа да ја препознаваат и Вана стана една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија.

View this post on Instagram

A post shared by Megadance Party (@megadance.party)

Со групата сними 4 албуми, меѓу 1992 и 1996 година.

„Откако ја снимивме ‘Тек је 12 сати’, веќе ништо не беше исто. Песната стана мегахит, а ние фативме некој победнички чекор. Сè што ќе снимевме стануваше хит, нè обожаваа. Полневме клубови, а патувањата до некои градови беа вистинска авантура.

На пример, држевме концерт во Осијек, иако со сирена означуваа воздушна опасност. До Славонски Брод стигавме преку Сава со сплав, а до Задар одевме преку окупирани делови од земјата, зашто немаше како поинаку“, кажа во една пригода Вана.

Но, по четвртиот албум таа реши да почне соло кариера.

Се натпреваруваше и на Евровизија, па во 2001 година ја претставуваше Хрватска со песната „Струне љубави“.

Пееше на англиски јазик, а заврши на десеттото место со 42 поени.

Некои од песните кои останаа запаметени од нејзината соло кариера се: „Сјај“, „Ледено доба“, „24 сата“, „Испод истог неба“.

Но ниедна не го повтори успехот на нејзините два најголеми хита испеани со „Е.Т“: „Тек је 12 сати“ и „Као да ме нема“.

Вана секогаш се трудела својот приватен живот да го држи што подалеку од медиумите и јавноста.

Нејзиното срце одамна го освои продуцентот Андрија Врдољак, со кого се омажи во 1998 година. Тие се горди родители на две деца – ќерката Јана и синот Лука.

Вана и денес е активна во музичкиот свет, а на својот Инстаграм често објавува фотографии од своите настапи, но и од секојдневните моменти од животот, додека се одмара и ужива покрај морето.

Неколку хрватски брендови ја ангажираа и како заштитно лице. Во јавноста коментираат дека на 53 години (родена е на 1 септември 1970), Вана блеска и изгледа дури и подобро отколку во младоста.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук К... Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцени...
Ја натерал да го остави дечко ѝ за него: Љубовната приказна на Александар Милиќ Мили и сопругата Нин... „Од моментот кога ја видов, знаев дека еден ден ќе ми биде сопруга“, има изјавен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg