Тамара Милановиќ од X-фактор: Беше сон на мажите, се пресели во Катар да побегне од популарноста

Последната песна која ја сними е „Liker“ od 2021 година, која има скоро 38.000 прегледи на Јутјуб.

Песната е потпишана под нејзиното уметничко име Lilliewah, па многумина не успеваат на прва да ја спојат со слатката девојка која пред 10 години го расплака регионот со своето пеење на „Х-фактор“.

Иако повремено се занимава со музика, приватниот живот го чува подалеку од очите на јавноста.

Нејзиниот профил на Инстаграм е „приватен“, а таму е потпишана со презимето Јовиќ.

Во јавноста се шпекулира дека тоа е презимето на нејзиниот сопруг и дека Тамара има дете, бидејќи на профилната фотка покрај неа има детенце, чија глава е покриена со качулка.

Тамара одамна не дава интервјуа и скоро никогаш не се појавува на јавни настани.

beshe-son-na-mazhite-od-regionot-se-preseli-vo-katar-da-pobegne-od-popularnosta-se-sekjavate-li-na-tamara-milanovikj-od-x-faktor-10.jpg

Но, во едно постаро интервју таа зборуваше за важноста на музичките шоуа, како можност некој изведувач да си ја лансира кариерата. Таа освен во „Х-фактор“ се натпреваруваше и во шоуто „Јас имам талент“.

„Сите талент-шоуа се полни со лекции. Иако содржината на натпреварите е различна, и двете ми помогнаа да станам свесна за себе, за својот глас и за емоцијата што ја носам кога пеам.

Ме формираа како личност и разбудија сè за што сонував како дете“, изјави таа.

https://youtu.be/DCVicuxxKyY?feature=shared

Во интервјуто зборуваше и за својата кариера како манекенка, за сличностите и разликите помеѓу музичкиот свет и манекенството.

„Мислам дека и двата света се изложени на очите на пошироката јавност и тоа е можеби најсеопфатното преклопување.

И со едното и со другото, многу е важно како ќе се поставите кон себе, кон публиката и како ќе се однесувате кон содржината што сакате да ја пласирате и за која барате прифаќање и разбирање.

Полни се со предизвици и понекогаш е тешко да се направи граница помеѓу она што 'душата го сака' и очекувањата што ги диктира времето“, кажа Тамара.

beshe-son-na-mazhite-od-regionot-se-preseli-vo-katar-da-pobegne-od-popularnosta-se-sekjavate-li-na-tamara-milanovikj-od-x-faktor-11_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело / Фото: Фејсбук, Лука Пилиповиќ



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Дали се сеќавате: Пред Боба, Брена љубеше политичар - му посвети песна, сакала да основаат семејство „Додека бевме заедно, таа често ми велеше: 'Мирко, мојата најголема желба е да о...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Ѕирнете во вилата на Стјепан Хаусер, кој беше во љубов со Розга – луксузен двор и рајски поглед кон ... Познатиот хрватски виолончелист, познат и како заводник кој беше во љубов со Јел...
Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрв... Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш ко...

Најчитани неделава