Факти за Сања Маринковиќ: Работела во бутик пред да стане славна, се венчала во лимузина на пат за Париз

Пред да стане славна, во Лондон работела во бутик и слаткарница и вели дека нема потешка работа од таа. Со сопругот имале необична венчавка – во лимузина додека оделе на пат за Париз, а по разводот вели дека тој ѝ е најдобар пријател. Факти за српската ТВ водителка Сања Маринковиќ.

rabotela-vo-butik-pred-da-stane-slavna-so-soprugot-se-venchala-vo-limuzina-na-pat-za-pariz-fakti-za-sanja-marinkovikj-01.jpg

Српската водителка Сања Маринковиќ е препознатливо ТВ лице со години наназад како кај српската, така и кај македонската публика.

Таа со години наназад важи за една од јавните личности во Србија што ја изградиле сопствената кариера благодарение на напорната работа и труд и кои се држеле настрана од скандали и афери.

rabotela-vo-butik-pred-da-stane-slavna-so-soprugot-se-venchala-vo-limuzina-na-pat-za-pariz-fakti-za-sanja-marinkovikj-02.jpg

Позната е по тоа што понекогаш знае да ги исфрли гостите во студио или дрско да им одговори на старлетите што се обидуваат со скандали да изградат кариера.

Иако ретко зборува за својот приватен живот, таа сепак издвоила некои поважни факти за себе, што сепак привлекуваат внимание.

Што знаеме за убавата српска ТВ водителка?

Сања е родена во 1974-та година во Белград, каде завршила основно образование и гимназија. Таа завршила менаџмент и финансиски менаџмент, а зборува англиски и француски јазик.

Во една пригода таа истакна дека имала мошне среќно детство и дека нејзините родители се труделе колку е можно почесто неа и брат ѝ да ги однесат на некое патување.

rabotela-vo-butik-pred-da-stane-slavna-so-soprugot-se-venchala-vo-limuzina-na-pat-za-pariz-fakti-za-sanja-marinkovikj-05.jpg

Малкумина знаат дека пред да стане познато ТВ лице, Сања извесен период живеела и во Лондон, а таму работела сѐ и сешто за да преживее.

„Работев во бутик, продавав фармерки, а потоа работев и во слаткарница, морав да се снаоѓам. Во тој период постојано носев едни исти патики и ми беше мошне напорно, затоа што на тоа работно место не можев да седнам по цели 10 часа. Дури и кога немаш работа, мора да стоиш и да се преправаш дека нешто работиш.

Едни фармерки ги диплев по 100 пати. На крајот кога завршив со работата и требаше да се вратам во Белград, јас ги донесов тие патики со мене, затоа што ѓонот целосно им беше скинат и сакав на сите да им покажам колку многу сум работела и дека јас го можам тоа“ – изјави Сања.

rabotela-vo-butik-pred-da-stane-slavna-so-soprugot-se-venchala-vo-limuzina-na-pat-za-pariz-fakti-za-sanja-marinkovikj-06.jpg

Својата новинарска кариера Сања ја започнала во 1996-та година на Радио Телевизија Србија, а почнала со снимање прилози на пазар, градски приказни, во културна и забавна редакција, па сѐ до информативната програма.

Таа вели дека во овој период воопшто не ѝ било лесно, па така имало периоди кога ја казнувале ако направи грешка и ѝ крателе од хонорарот, но тврди дека тоа ја направило посилна и ѝ помогнало да изгради цврст карактер.

rabotela-vo-butik-pred-da-stane-slavna-so-soprugot-se-venchala-vo-limuzina-na-pat-za-pariz-fakti-za-sanja-marinkovikj-10_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...

Најчитани неделава