„Станија, ти не треба да бидеш пример за девојчињата“ – Српска водителка стана вирален хит со дрскиот коментар

Прво јавно ги прозва српските старлети, а потоа рече дека само дискутирале. Како изјавата на водителката Сања Маринковиќ дека пример за децата треба да бидат врвните спортисти, а не старлетите, вирално се прошири на социјалните мрежи?

viralno-video-od-srpska-voditelka-shto-gi-prozva-srpskite-starleti-vie-ne-mozhete-da-bidete-primer-za-mladite-01.jpg

Водителката на српската емисија Магазин Ин, Сања Маринковиќ во својата емисија ги покани српските старлети Станија Добројевиќ и Ива Гргуриќ, кои се познати и по тоа што учествуваа во реални шоуа, а нејзината прозивка деновиве стана мошне популарна на социјалните мрежи.

Во еден миг во емисијата се говореше за тоа како изгледаат новите примери на коишто децата им се восхитуваат, при што Станија која е позната по тоа што објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи рече дека смета дека таа самата е пример за малите девојчиња.

viralno-video-od-srpska-voditelka-shto-gi-prozva-srpskite-starleti-vie-ne-mozhete-da-bidete-primer-za-mladite-02.jpg

Коментарот што потоа водителката Сања го даде доби вирален карактер и деновиве масовно се споделува на социјалните мрежи:

„Јас лично сметам дека ниту ти Станија, ниту која било друга од вас не треба да биде пример за девојчињата од 7, 8 години. Може да се сликаат со Ивана Шпановиќ, со Ана Ивановиќ, со Новак Ѓоковиќ, постојат некои други вредности, ме разбираш?“

Сепак, Маринковиќ по емисијата се обиде да ги смири страстите па на Инстаграм Стори напиша:

„Само дискутиравме“.

viralno-video-od-srpska-voditelka-shto-gi-prozva-srpskite-starleti-vie-ne-mozhete-da-bidete-primer-za-mladite-03.jpg

По емисијата старлетата Станија Добројевиќ даде изјава за српскиот портал alo.rs каде образложи дека таа за себеси смета дека бројките на нејзините профили на социјалните мрежи сепак говорат дека таа е пример за младите.

„Свесна сум дека имам голема одговорност секојпат кога ќе објавам некоја фотографија, но во тие работи не гледам ништо лошо, се трудам сето тоа да биде коректно и на некој начин поучно. За оние што го застапуваат моралот, за нив не можеш да бидеш паметен и образуван“ – вели таа.

Инаку, Станија кратко ги прокоментира и прозивките од српската водителка при што рече:

„Сања и јас го решивме тој проблем, таа ми се извини и некако завршивме со тоа. Инаку, таквите работи не ме допираат“ – рече таа.

Погледнете го виралното видео во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водителката од 'Ѕвездите на Пинк' со исповед: „Процветав откако се разведов“ „Со годините сѐ повеќе се заљубувам во себе и сум посигурна во себе, ништо не тр...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Српска водителка со исповед: „Јас и сопругот имавме 3 разводи - еден меѓу нас, еден пред синот и тре... Се вели: „Разводот боли како смрт, затоа што умира животот што си го замислувал“...
Горан Иванишевиќ на суд побара бившата да му врати 2.4 милиони € - претходно одби да плаќа алиментац... „Имавме договор да ми ги врати парите, но тоа не се случи, и затоа сме тука. Дог...
Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-иот роденден, без грам целулит „За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам...

Најчитани неделава