Соседите за животот со Северина во иста зграда: „Постојано ѝ доаѓаат двајца мажи, напорно е да се живее до неа“

„Tаа ако сака нека биде ѕвезда 100 пати, но од неа не може да се живее. Дури зборуваше дека ние ја шпионирамe и им кажуваме на медиумите што прави, како нас да нè интересира тоа“ – се жалат соседите на хрватската пејачка Северина. Тие открија и кои двајца мажи се редовни посетители во нејзиниот дом, а и како се однесува со синот Александар.

sosedite-ja-ozboruvaat-severina-vo-mediumite-ne-se-zhivee-pokraj-nea-so-dusha-chekame-da-si-zamine-01.jpg

Хрватската пејачка Северина пред неколку години купила два стана во зграда во Загреб, што потоа одлучила да ги спои и да направи луксузен пентхаус од 300 метри квадратни со големи прозорци и балкони, од каде има прекрасен поглед на градот.

Неодамна зградата добила и нова фасада, но нејзините соседи се жалат и велат дека воопшто не се среќни што најпозната хрватска пејачка им е сосетка.

sosedite-ja-ozboruvaat-severina-vo-mediumite-ne-se-zhivee-pokraj-nea-so-dusha-chekame-da-si-zamine-02.jpg

Според Kurir.rs, соседите се незадоволни затоа што во текот на изминатата година, пејачката одлучила целосно да го реновира и да го преуреди станот.

Таа во целост го извадила стариот мебел, па купила нов, ставала нови врати, прозорци и ролетни.

„Сето тоа премногу се одложи, а од бучавата и од работниците што постојано се менуваа, не можевме да живееме со месеци“ – се жалат соседите.

sosedite-ja-ozboruvaat-severina-vo-mediumite-ne-se-zhivee-pokraj-nea-so-dusha-chekame-da-si-zamine-03.jpg

Друг сосед што живее во зградата наспроти онаа на Северина исто така нема пофални зборови за пејачката.

„Ма таа ако сака нека биде ѕвезда 100 пати, но од неа не може да се живее. Како да се крие од сите и не разговара со никој од соседите. Ретко излегува од станот и најчесто е затворена.

Дури зборуваше дека ние ја шпионирамe и им кажуваме на медиумите што прави, како нас да нè интересира тоа. Еден сосед дури и го гаѓаше со јајца“ – вели тој.

sosedite-ja-ozboruvaat-severina-vo-mediumite-ne-se-zhivee-pokraj-nea-so-dusha-chekame-da-si-zamine-04.jpg

Соседот раскажува дека кога слушнале дека пејачката ќе се сели и бара нова куќа во Самобор, сите биле пресреќни, за потоа да се разочараат кога ништо не се остварило од тоа.

sosedite-ja-ozboruvaat-severina-vo-mediumite-ne-se-zhivee-pokraj-nea-so-dusha-chekame-da-si-zamine-05.jpg

Тој открива дека на Северина постојано на гости ѝ доаѓаат мајка ѝ Ана и внуката Миа, а постојано се тука и нејзиниот менаџер Томица Петровиќ и композиторот Филип Милетиќ, додека кога синот Александар е кај неа тие двајца или постојано се дома или некаде патуваат заедно.

„Се гледа дека е многу врзана за него. Додека беше омажена, Игор постојано престојуваше кај неа во станот додека беше овде. Еден пријател од нејзината зграда ми кажа дека слушнал страшна расправија со Игор и викање од нејзиниот стан, по што тој по неколку часа си ги собра сопствените работи од станот и со замина. Оттогаш никој повеќе не го виде, а потоа слушнав дека се развеле“ – вели соседот.

sosedite-ja-ozboruvaat-severina-vo-mediumite-ne-se-zhivee-pokraj-nea-so-dusha-chekame-da-si-zamine-06.jpg

Освен луксузниот пентхаус во Загреб, Северина има и стан во Сплит на самиот брег на морето, во населбата Жњан, која важи за еден од најскапите делови на родното место на пејачката, каде свои станови имаат и други познати личности.

sosedite-ja-ozboruvaat-severina-vo-mediumite-ne-se-zhivee-pokraj-nea-so-dusha-chekame-da-si-zamine-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...
Северина слави Бадник со „грда“ елка и кристални чаши: „Каде е мама, таму е домот“ „Кај што е мама, таму е домот. Еден посебен Бадник за нас“ - напиша Северина. ...
„Заради неа се изборив со своите слабости“ – Никола Роквиќ романтичен за 10-годишнина од брак „Заради неа се изборив со своите слабости... Заради неа се трудев да бидам подоб...

Најчитани неделава