Децата на Новаќ Ѓоковиќ не јадат месо - Јелена тврди дека ретко се разболуваат

„Стефан првата година и пол имаше нормална исхрана со месо и риба, но потоа продолжи само со растителна храна. Тара, пак, е на растителна исхрана откако е родена и, фала му на Бога, никогаш не сме имале проблеми со нејзиното здравје“, вели Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер. 

decata-na-novakj-gjokovikj-ne-jadat-meso-jelena-tvrdi-deka-retko-se-razboluvaat-01_copy.jpg

Јелена и Новак Ѓоковиќ се познати по здравиот начин на исхрана и нутритивните навики, а тоа го пренесуваат и на своите деца, синот Стефан (9) и ќерката Тара (6).

Јелена вели дека нејзините деца воопшто не јадат месо и се хранат здраво, а како резултат на тоа, здравјето им е одлично и тие ретко се разболуваат.

Во една пригода Јелена истакна дека секој ден им подготвува посебен појадок со кокосово млеко.

Таа во млекото става различни семиња, и тоа чиа, коноп, мак, лен и слично, па ги остава да отстојат преку ноќ.

decata-na-novakj-gjokovikj-ne-jadat-meso-jelena-tvrdi-deka-retko-se-razboluvaat-02.jpg

Следното утро нивниот вкус го збогатува со ванила, цеден сок или со свежо овошје.

Според неа, ова е совршениот појадок кој им дава сила, хранливи материи и енергија.

„Моите деца преминаа на растителна исхрана. Стефан првата година и пол имаше нормална исхрана со месо и риба, но потоа продолжи само со растителна храна.

Тара, пак, е на растителна исхрана откако е родена и, фала му на Бога, никогаш не сме имале проблеми со нејзиното здравје“, изјави Јелена.

Но, додава и дека Стефан и Тара се како сите деца, па воопшто не сакаат да јадат зелена салата, но обожаваат моркови, компири и краставици.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по нек... „Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Јелена Розга за здравствените проблеми: „Шеќерот знае да ми ‘полуди’ додека сум на бина - морам да ј... „Ме ставија на терапија. Всушност, имам инсулинска резистенција и шеќерот ми ‘по...

Најчитани неделава