Небојша Глоговац, Оливер Драгојевиќ - Регионални ѕвезди кои ја загубија битката со рак на белите дробови

Во декември 2017 година Небојша Глоговац дознал дека има рак на белите дробови и тоа тип на карцином каде метастазите се појавуваат на самиот почеток. На клиника во Германија, лекарите му кажале дека нема да може да го излекуваат. За жал, тој ја изгуби битката со ракот...

podmolna-bolest-im-go-odzede-zhivotot-regionalni-dzvezdi-koi-pochinaa-od-rak-na-belite-drobovi-01.jpg

Неколку ѕвезди, кои публиката во регионот ги обожаваше, во изминативе години починаа од тешка и подмолна болест – рак на белите дробови.

Кои регионални ѕвезди го загубија животот поради оваа болест?

Жарко Лаушевиќ

Жарко Лаушевиќ почина на 15.11.2023 по кратко и тешко боледување од рак на белите дробови. Актерот имаше 63 години.

Последен пат се појави во јавноста само десетина дена пред смртта, на премиерата на неговиот последен филм „Хероји Хилијарда“, каде што беше видно исцрпен и ослабен.

podmolna-bolest-03.jpg

Масимо Савиќ

Хрватскиот пејач Масимо Савиќ почина на 23 декември 2022 година во болница во Загреб. Тој имаше 63 години.

По смртта, семејството на славниот музичар објави дека тој не се борел долго со болеста.

„Нашиот татко, сопруг, нашата гордост и љубов, Масимо Савиќ, нè напушти по кратка, но херојска борба.

Иако замина од овој свет, вечно ќе живее во нашите души – насмеан, топол, силен, полн со љубов, создаден за уметност. Секогаш ќе бидеме твоите девојчиња“, пишуваше во објавата на семејството.

podmolna-bolest-im-go-odzede-zhivotot-regionalni-dzvezdi-koi-pochinaa-od-rak-na-belite-drobovi-02.jpg

Оливер Драгојевиќ

Оваа подмолна болест беше причината за смртта и на еден од најпознатите хрватски музичари, Оливер Драгојевиќ. Пејачот имаше 71 година кога почина, само една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Иако веднаш почна со хемотерапија, неговата состојба не се подобри.

„Деновите ги минувам дома, тука свирам и пеам. Станувам наутро, ја земам гитарата и почнувам да свирам. И така по цел ден. Не ми е тешко, тоа ми е еден вид на рекреација.

Да не морам да одам на хемотерапии, нема да знам дека сум болен. Кога не одам на хемотерапија, многу сакам да дојдам во викендичката во Вела Лука. Тоа ме исполнува овие денови.

Страшно е кога болест ќе го нападне човекот, но ако се борите, ќе ја добиете битката“, рече во едно од последните интервјуа Драгојевиќ, а го даде неколку месеци пред својата смрт.

podmolna-bolest-im-go-odzede-zhivotot-regionalni-dzvezdi-koi-pochinaa-od-rak-na-belite-drobovi-05.jpgфото: Фејсбук

Небојша Глоговац

Српскиот актер Небојша Глоговац почина на 47 години од тешка форма на рак на белите дробови. Тој во декември 2017 година дознал дека е болен, но кај неговиот тип на карцином метастазите се појавуваат уште на самиот почеток.

Заминал на испитување на клиника во Германија, каде што анализите се прават пет дена, но веќе на третиот ден лекарите му кажале дека нема да може да го излекуваат.

Откако се вратил во Србија, решил краткото време што му останува да го помине со своите три деца, ќерката Сунчица и синовите Милош и Гаврило.

Неколку месеци откако јавноста дозна дека Глоговац е болен, беше објавена веста дека еден од омилените актери во регионот почина.

podmolna-bolest-im-go-odzede-zhivotot-regionalni-dzvezdi-koi-pochinaa-od-rak-na-belite-drobovi-03.jpg

Уснија Реџепова

Пејачката Уснија Реџепова повеќе од три години боледуваше од рак на белите дробови, а последните денови од животот ги помина на клиниката во Белград.

Според српските медиуми, таа последните денови од животот ги поминала во неиздржливи болки.

Уснија почина на 1 октомври 2015 година.

podmolna-bolest-im-go-odzede-zhivotot-regionalni-dzvezdi-koi-pochinaa-od-rak-na-belite-drobovi-04.jpgфото: Фејсбук

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Почина вдовицата на Халид Бешлиќ, 8 месеци по смртта на пејачот - Синот се прости со емотивни зборов... Со црнобела фотографија од двајцата родители, направена во болница и една од пос...
Почина таткото на Марија Шерифовиќ: „Мојата омилена бараба... Направи многу проблеми, сè му простив“ „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава