„Конечно дома“ – Марија Шерифовиќ со синот се врати во Србија

„Ајде дома“ – возбудено вели во едно од видеата Марија Шерифовиќ на кое се гледа дека на аеродром тргнува за Србија.

konechno-doma-marija-sherifovikj-so-sinot-se-vrati-vo-srbija-01.jpg

Српската пејачка Марија Шерифовиќ и нејзината мајка Верица повеќе од 20 дена престојуваа во САД, каде на 2-ри декември годинава се роди нејзиниот син Марио, а таа не ја криеше возбудата што конечно ќе си одат дома во Србија.

Марија на Инстаграм Стори покажа дека патувањето до дома било мошне удобно, затоа што патувале во прва класа, а во едно од видеата таа возбудено му вели на синот:

„Ајде дома!!!“

konechno-doma-marija-sherifovikj-so-sinot-se-vrati-vo-srbija-03.jpg

Таа објави и кратко видео од нејзиниот дом во Белград, каде се гледа дека до новогодишната елка има голем број сини балони и балон во форма на штрк за да се означи доаѓањето на новиот член во домот.

Очигледно, роднините на Марија се нетрпеливи да го запознаат малиот Марио, па таа се пошегува и напиша:

„Е па баби, дедовци, тетки, стрини, стриковци, браќа, кумови – Подароци примаме од утре од 10.00 часот“.

konechno-doma-marija-sherifovikj-so-sinot-se-vrati-vo-srbija-02.jpg

Инаку, Марија доби голем број пофалби затоа што отворено зборува за својата борба за потомство и призна дека откако неколкупати неуспешно се обидувала сама да ги износи бебињата, се одлучила да започне процедура за сурогат мајчинство.

konechno-doma-marija-sherifovikj-so-sinot-se-vrati-vo-srbija-04.jpg

Прочитајте и Сите детали за патот до мајчинство на Марија Шерифовиќ: Детето се родило во САД, името на таткото не смее да го открие

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Синот на Марија Шерифовиќ завршил во болница на летување: „Зеде залет и скокна, моравме на рендген“ „Во Рисан завршивме на ортопедија, во болница, бидејќи скокаше. Имаше залет и ск...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...

Најчитани неделава