Србин не можел да дочека да стигнат до Париз, па ја запросил девојката во авион (видео)

Ова е едно од најемотивните видеа што ќе ги видите деновиве. Млад Србин сакал да приреди магично запросување за девојката во Париз, но бил нетрпелив, па тоа го направил уште во авионот. Погледнете како капетанот го поддржа во запросувањето.

srbin-ne-mozhel-da-docheka-da-stignat-do-pariz-pa-ja-zaprosil-devojkata-vo-avion-mina-reche-da-01.jpg

Младиот Србин Јаков сакал да ѝ приреди магично запросување на својата девојка Мина во градот на љубовта Париз, но очигледно бил премногу нетрпелив за да чека да стигнат до посакуваната дестинација, и наместо пред Ајфеловата кула, тој важното прашање го поставил уште во авионот.

srbin-ne-mozhel-da-docheka-da-stignat-do-pariz-pa-ja-zaprosil-devojkata-vo-avion-video-10.jpg.jpg

На Инстаграм профилот на авиокомпанијата е објавено видео со пораката што капетанот на авионот Павле Делиќ ја упатил до присутните во авионот:

„Почитувани патници, ви зборува капетанот. Се надевам дека уживате во летот. Сега имате непланирана, но навистина убава објава.

Еден наш патник во моментов се подготвува на својата девојка да ѝ постави многу важно прашање.

Во името на целата посада и во свое име ве молам да го поддржите. Јакове, во авионот има 139 сведоци на твојата љубов. Среќно!“

Мина била воодушевена од запросувањето и секако одговорила со: „Да!“

Персоналот подготвил посебно изненадување, па моментот го прославиле со шампањ.

Погледнете го видеото од запросувањето:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мина, сопругата на Огњен Амиџиќ, откри зошто нема да се врати во „Амиџи шоу“ (и се шегува на негова ... „Се запознавме преку заеднички пријатели, кои подоцна ни станаа и кумови. Во мор...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Девојката на Душко Тошиќ објави фотка од себе без шминка, додека тој се дружи со бившата Карлеуша и ... И додека регионалните медиуми нагаѓаат дали Душко Тошиќ избришал фотографија со ...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Девојката на Бака Прасе никогаш позгодна во Монако - Јутјуберот потрошил 30.000 евра на накит за неа Покрај возењето на јахта и луксузните ресторани, парот за време на престојот во ...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...

Најчитани неделава