„Сме биле богати, а потоа сме загубиле сѐ“ – Помалку познати детали од детството на Милош Биковиќ

Мајка му му била херој, затоа што татко му бил постојано отсутен, а по неговата смрт, семејството било во мошне тешка финансиска состојба... Кои се помалку познати детали од детството на Милош Биковиќ, кој денес е еден од најплатените српски актери со дневен хонорар од 5.000 евра?

sme-bile-bogati-a-potoa-sme-zagubile-s-pomalku-poznati-detali-od-detstvoto-na-milosh-bikovikj-01.jpg

Српскиот актер Милош Биковиќ на 9-ти јануари годинава доби син, а набрзо потоа беа објавени фотки на кои се гледа како тој прославил со пријателите, кои по српската традиција му ја скинале маицата и му ја врзале околу глава.

На фотката објавена на социјалните мрежи, се гледа дека Милош славел со своите пријатели колеги, а меѓу нив биле и Миодраг Радоњиќ и Јелисавета Орешанин.

Познато е дека Милош е семеен човек, кому семејството му е мошне важно.

Тој неодамна нагласи дека неговата свршеница Ивана му е сидро кое му помага да остане прикотвен, а претходно во повеќе наврати ја величаше својата мајка, за која велеше дека му е вистински идол.

sme-bile-bogati-a-potoa-sme-zagubile-s-pomalku-poznati-detali-od-detstvoto-na-milosh-bikovikj-02.jpg

Во продолжение да погледнеме неколку помалку познати детали од детството на познатиот актер:

Милош ретко зборува за својот приватен живот, но во една пригода се осврна на мајка му Марија, која по смртта на неговиот татко во 2006-та година морала да го поднесе целиот товар и да се бори за егзистенцијата на двата сина.

„На мајка ми мојот успех не ѝ е премногу важен. Таа веруваше дека ќе станам актер, но не ме охрабруваше премногу во тоа.

Кога мојата кариера почна да оди по нагорна линија, таа ме поддржа“ – рече во една пригода тој и откри дека од првиот поголем хонорар што го заработил ѝ купил стан во Белград, а од Русија ѝ донел крзнена капа.

sme-bile-bogati-a-potoa-sme-zagubile-s-pomalku-poznati-detali-od-detstvoto-na-milosh-bikovikj-03.jpg

„Нејзе подароците не ѝ се многу важни. Израснав на Карабурма, а често се селевме затоа што немавме наш стан. Моето семејство некогаш било многу богато, но по Втората светска војна заради национализацијата изгубивме сѐ.

Татко ми беше директор на голема австриска фирма и заработуваше многу пари, но јас не го почувствував тој удобен живот. Брат ми го почувствува“ – рече Милош во една пригода.

sme-bile-bogati-a-potoa-sme-zagubile-s-pomalku-poznati-detali-od-detstvoto-na-milosh-bikovikj-04.jpg

Инаку, актерот во друга пригода откри дека мајка му му е херој на детството, затоа што додека татко му бил постојано на пат, таа била тука за него.

sme-bile-bogati-a-potoa-sme-zagubile-s-pomalku-poznati-detali-od-detstvoto-na-milosh-bikovikj-06.jpg

Тој исто така рече дека верува дека разделбата на неговите родители кои одлучиле да се разведат кога Милош имал само 6 месеци оставил трага врз него.

„Мислам дека тоа остава последици, тоа психолозите можат да го појаснат подобро и покомплексно. Но, колку што читав таткото и мајката се неопходни за развој на здравата психа.

Секако, не значи секогаш дека ако таткото и мајката се заедно тоа гарантира здрава психа, мораат и тие да бидат колку толку здрави, а можеби понекогаш разводот е поздрав за детето од евентуалното насилство“ – изјави Биковиќ.

sme-bile-bogati-a-potoa-sme-zagubile-s-pomalku-poznati-detali-od-detstvoto-na-milosh-bikovikj-07.jpg

Милош во една пригода рече дека неговиот син ќе има среќа да има богат татко, за разлика од него и дека нема ништо да му недостасува во животот.

Благодарение на улогите во филмовите и сериите „Монтевидео“ и „Јужни ветар“, Милош стана еден од најплатените актери во Србија, па се верува дека зема хонорар од 2.000 евра дневно.

Но, во Русија каде игра во филмот „Слуга“ кој е еден од најгледаните филмови на руската кинематографија заработувал и по 5.000 евра дневно.

sme-bile-bogati-a-potoa-sme-zagubile-s-pomalku-poznati-detali-od-detstvoto-na-milosh-bikovikj-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Познати Србинки кои се посвоени - Една ќе го наследи „пола Белград“, друга тврди дека ѝ фрлале црна ... Не е тајна дека еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Владе Дивац...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...

Најчитани неделава