Милош Биковиќ искрено за скромните почетоци: „Мојот син ќе има богат татко, јас немав таква среќа“

„Во раната младост научив да се откажувам од она што родителите не можеа да ми го дозволат. Тоа не ме направи помалку вредно дете, тинејџер или маж“ – рече меѓу другото српскиот актер Милош Биковиќ. Како што вели, пораснал опкружен со пороци, но токму скромните почетоци го натерале да си постави себеси големи цели и соништа.

milosh-bikovikj-iskreno-za-skromnite-pochetoci-mojot-sin-kje-ima-bogat-tatko-jas-nemav-takva-srekja-01.jpg

Милош Биковиќ (34) во моментов е еден од најуспешните актери на Балканот, а се проценува дека неговото богатство тежи помеѓу 1,5 и 5 милиони долари. Сепак, тој отворено зборува за своите скромни почетоци, за растењето во средината исполнета со пороци, како и за тоа што било она што го натерало да остане доследен на себеси и посветен на успехот.

Во Македонија, Милош во моментов е најактуелен заради улогата на Петар Мараш во филмот „Јужни ветар“. Иако според многумина, овој филм штетно влијае врз младината затоа што ги наведува на погрешниот пат, Милош јавно им се обрати на тинејџерите и се обиде да ја сподели сопствената приказна.

Тој деновиве гостуваше на панелот MTS Teen Talk каде пред повеќе стотици тинејџери говореше отворено за сопствените скромни почетоци, но и упати порака до нив за да им одолеат на пороците.

„Избрав да се занимавам со глума за да можам да си играм со сето она што е интригантно. Во времето кога бев тинејџер, криминалот исто така се популаризираше и тогаш многумина тргнаа по погрешниот пат. Мојата генерација го сакаше филмот Vidimo se u čitulji. Ги цитираа главните ликови и го доживуваа тој свет како да им е близок. Од друга страна, јас тоа никогаш не сум го доживувал како реален живот“ – рече Биковиќ, а пренесува alo.rs.

Тој накратко проговори за пороците и призна дека и тој правел грешки во минатото, но никогаш не дозволил тоа да го тргне од вистинскиот пат и од остварувањето на соништата:

„Секогаш нека ви биде во главата дека дисциплината и работењето врз себеси се единственото нешто што може да ве крене од прашината . Секоја будала може да земе џоинт да се надува или екстази за да се покаже пред друштвото, а зошто и вие да бидете една од тие будали?“ – рече тој.

Биковиќ за крај се осврна и на своите скромни почетоци, па рече дека животот не е лесен за никого.

„Можеби мојот син ќе има богат татко, но јас немав таква среќа. Во раната младост научив да се откажувам од она што родителите не можеа да ми го дозволат. Тоа не ме направи помалку вредно дете, тинејџер или маж.

Оние што имаа сè пропуштија да ја научат вредноста и на материјалните работи, но и на оние животните. Кај мене секогаш се јавуваше желба да си поставам цели за кои што ќе ми треба силата на целиот ум и тело. Малите соништа никогаш не ми значеа ништо“ – вели тој.

Инаку, претходно Милош говореше дека заради тешката финансиска состојба, тој и неговото семејство морале постојано да се селат во станови под кирија, а дека пораснал во голем број белградски предградија.

Прочитајте и Милош Биковиќ, кој денес тежи милиони, открива: „Кога бев дете постојано се селевме со мајка ми, немавме пари за кирија“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Милош Биковиќ на Малдиви со сопругата и синот: „Стануваме во 5, фрламе камчиња во базен, така некако... „Необјаснива желба да се фрлаат камчиња во базен (на Василиј, не моја), станувањ...

Најчитани неделава