Дадилката тврди дека Коста Кецмановиќ бил опседнат со оружје + Детали од судењето на неговите родители

„Неколку месеци пред убиствата, Коста почна да чита портал за оружје, постојано зборуваше за оружја, а одеднаш почна да се жали на болки во стомакот и да пелтечи“ – со овие зборови дадилката и куќна помошничка на Коста Кецмановиќ го опиша неговото однесување непосредно пред масакрот.

dadilkata-na-kosta-kecmanovikj-deteto-beshe-opsednato-so-oruzhje-a-nenadejno-pochna-da-peltechi-01.jpg

Во Белград деновиве во тек е судењето на родителите на Коста Кецмановиќ, момчето кое со огнено оружје на 3-ти мај минатата година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ и уби девет деца и чуварот.

Таткото на Коста, Владимир Кецмановиќ, е обвинет за тешко дело против безбедноста затоа што една година пред масовното убиство го обучувал синот да ракува со огнено и воздушно оружје.

dadilkata-na-kosta-kecmanovikj-deteto-beshe-opsednato-so-oruzhje-a-nenadejno-pochna-da-peltechi-02.jpg

Мајката Милјана е обвинета за недозволено производство, носење, држење и трговија со оружје и експлозивни материи.

За таткото се бара максимална казна од 12 години, додека за мајката се бара затворска казна од 2,5 години.

Иако судењето е од затворен карактер, дел од српските медиуми, повикувајќи се на изјави од присутните на судењето, изнесуваат детали од изјавите на сведоците и од тоа како се одвива судењето.

dadilkata-na-kosta-kecmanovikj-deteto-beshe-opsednato-so-oruzhje-a-nenadejno-pochna-da-peltechi-03.jpgфото: Јутјуб - принтскрин

Дел од родителите на убиените деца на социјалните мрежи објавуваат статуси дека се згрозени од однесувањето на мајката на Коста, Милијана, која пред судот застанала нашминкана и дотерана, па и фотографирала некои од мајките на убиените деца.

Исто така, внимание привлече и изјавата на дадилката на Коста.

Според порталот Republika, жената која работела како дадилка и куќна помошничка во домот на Кецмановиќ открила детали за неговото однесување неколку месеци пред да го изврши масакрот.

„Помошничката и дадилката пред обвинителот во постапката што се води против Милијана и Владимир Кецмановиќ истакна дека во ноември, 6 месеци пред масакрот, забележала дека Коста почнал да го чита порталот за оружје ‘Калибар’“ – ја пренесува порталот изјавата на изворот и дополнува дека според нејзиното сведочење, Коста постојано зборувал за тоа како се користи оружје и како се употребувало во војните.

dadilkata-na-kosta-kecmanovikj-deteto-beshe-opsednato-so-oruzhje-a-nenadejno-pochna-da-peltechi-05.jpgфото: X (Твитер)

Според нејзините изјави, Коста почнал да се жали на психосоматски тегоби и на болки во стомакот, а она што сите ги изненадило е тоа што момчето почналo одеднаш да пелтечи иако претходно никогаш немало проблеми со говорот.

На порталот што Коста го читал има најразлични текстови за оружје, балистика и стрелаштво. Може да се прочитаат различни текстови за историски настани, кои оружја се најдобри за преживување, но и видовите на муниција според категоријата.

Инаку, за потсетување, првото рочиште од судењето против родителите започна во понеделникот (29.01), а продолжи и следниот ден. Родителите на Коста се изјаснија за невини.

Таткото на Коста во моментов се наоѓа во притвор, додека мајка му се брани од слобода.

Прочитајте и „Најчесто не се забележува дека детето планира напад“ - Македонскиот психолог Бојана Стојменовиќ за настаните во Србија

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по нек... „Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава