Смешно видео од Тони Цетински – Падна среде настап, вели дека сакал да „скокне“ во публиката

„Сакав да се фрлам во публиката“ – Тони Цетински се пошегува на сопствена сметка, откако на социјалните мрежи и во балканските медиуми беа објавени видео снимките на кои се гледа како падна на сцената среде настап.

smeshno-video-od-toni-cetinski-padna-srede-nastap-veli-deka-sakal-da-skokne-vo-publikata-01.jpg

Хрватскиот пејач Тони Цетински на денот на Вљубените имал свој настап во Белград, a видеата од неговиот пад на сцената се вистински хит на социјалните мрежи.

Видеата снимени речиси од секој агол масовно се споделуваат на социјалните мрежи и низ балканските медиуми.

Како што може да се види Тони пред публиката го пееше својот огромен хит „Нека те одведе“ и во еден миг кога сакаше да ја повика публиката да пее во еден глас со него, тој загуби рамнотежа и падна до работ на бината.

https://www.youtube.com/watch?v=McTBCF-fTHU

Неговите колеги веднаш притрчаа да му помогнат, а видеото го сподели и самиот Тони на својот Инстаграм профил, па се пошегува на сопствена сметка:

„Сакав да се фрлам во публиката, а кореографиите не ми одат. Но, затоа продолжувам да пеам како ништо да не се случило“ – напиша Тони до видеото и ги покани своите следбеници на концертот во Арена Загреб.

Видеото од падот на Тони стана хит на социјалните мрежи. Некои коментираат дека е очигледно оти пејачот испил повеќе од потребното,а други, пак велат дека е сосема нормално и секому може да му се случи.

Погледнете уште едно видео од падот на Тони:

@republika.zabava

#tonicetinski #nastup #toni #nekateodvede #republikatv

♬ original sound - Republika Zabava

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит реакција на оженет српски пејач - откако девојка му даде свој број на ливче, среде настап (видео... „Објасни дека е оженет, ама бројот не го фрли“, гласи еден од коментарите на Тви...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Хит видео: „Заглавените“ патници на Евзони играа оро додека чекаа да влезат во Македонија „Грчките цариници сигурно си велат дека им е забавно, па не се брзаат да ги проп...

Најчитани неделава