Која е Теодора Павловска – Девојката што ќе ја претставува Србија на Евровизија?
Таа била добитничка на стипендија за музичкиот колеџ Беркли во Бостон, а во тоа време пеела пратечки вокали за повеќе американски изведувачи како Пети Остин, Сида Герет, Џери Ален и Валери Симпсон.
По дипломирањето, одреден период живеела во Њујорк, но потоа одлучила да се врати во Србија, каде повеќе години наназад работи како текстописец, композитор, пијанистка и музички продуцент.

Во 2018-та година ја објавила песната „Да на мени је“, а најголема слава стекнува во 2023-та година кога ја објави песната „Џанум“, која беше саундтрак за филмот „Јужни ветар“.
Песната „Џанум“ е посветена на нејзиниот татко Драган, кого трагично го загубила во 2021-ва година. Таа во една пригода изјави дека ѝ е многу тешко да ја пее оваа песна затоа што ја потсетува на загубата и на тоа дека личноста што многу ја сакала веќе не е тука и не може да се израдува на нејзиниот успех.

Нејзината мајка, Јасна, е позната новинарка и етнолог, а во последните години се посветила на истражување и разбирање на влашката магија, па има објавено повеќе книги на таа тема.
Таа има објавено три книги поврзани со оваа тематика, а освен тоа објавила и книга со лековити билки.

Теја Дора има добиено голем број признанија и награди, а се очекува дека со учеството на Евровизија ќе успее да се вивне кон светските ѕвезди и музичките имиња за кои ќе слушне целиот свет.

Прочитајте и CRNOBELO во Белград: Како беше зад сцената на српскиот избор за Песна на Евровизија? (видео)
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит...
„Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј...
„Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ...
Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н...
„Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ...
Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б...
Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
